Линкови за пристапност

Македонските православни верници го празнуваат Велигден, упатени пораки за сплотеност


По повод Велигден, поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, упати пораки за сплотеност, спокојство и за меѓусебно почитување меѓу македонските граѓани
По повод Велигден, поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, упати пораки за сплотеност, спокојство и за меѓусебно почитување меѓу македонските граѓани

Пред почетокот на богослужбата во Соборниот храм, пристигна и Светиот оган од Ерусалим. Поглаварот г.г. Стефан прв го презеде огнот и го сподели со останатите свештеници и со верниците.

Со биење на камбаните точно на полноќ и со поздравот „Христос воскресна, навистина воскресна“, православните верници низ државата го означија еден од најзначајните чинови во православието, Христовото воскресение, Велигден.

МПЦ-ОА и македонските православни верници го празнуваат Велигден во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Велигденска богослужба под водство на г.г. Стефан
МПЦ-ОА и македонските православни верници го празнуваат Велигден во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Велигденска богослужба под водство на г.г. Стефан

Главната Велигденска богослужба се одржа во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а ја водеше поглаварот на Македонската православна црква-ОА, г.г. Стефан.

Пред почетокот на богослужбата, во Соборниот храм пристигна и Светиот оган од Ерусалим и беше споделен со верниците
Пред почетокот на богослужбата, во Соборниот храм пристигна и Светиот оган од Ерусалим и беше споделен со верниците

Пред почетокот на богослужбата во Соборниот храм, пристигна и Светиот оган од Ерусалим. Поглаварот г.г. Стефан прв го презеде огнот и го сподели со останатите свештеници и со верниците.

Во своето обраќање до верниците собрани пред соборниот храм, како и до сите македонски граѓани, поглаварот, г.г. Стефан, упати пораки за сплотеност, спокојство и меѓусебно почитување.

Велигденски богослужби се одржуваат низ сите православни храмови во државата. Во Скопје најмногу верници присуствуваа во Соборниот храм, „Св. Климент Охридски“.

Традиционално, после полноќ, верниците се кршеа со бојадисани јајца.
Традиционално, после полноќ, верниците се кршеа со бојадисани јајца.

Традиционално, после полноќ, верниците се кршеа со бојадисани јајца.

По повод Велигден, голем број македонски граѓани, но и гости од странство, традиционално допатуваа и во Охрид.

Во продолжение, погледенете преку фотографии како изгледаше празнувањето на Христовото воскресение во Соборниот храм во Скопје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG