Линкови за пристапност

Заклетва без „Северна“, говор за обединување, срдечност во вила Водно: Гордана Сиљановска-Давкова го почна претседателскиот мандат


После срдедчната средба во вилата Водно, поранешниот претседател Стево Пендаровски замина, а Гордана Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција и стана нова станарка во вилата на Водно.
После срдедчната средба во вилата Водно, поранешниот претседател Стево Пендаровски замина, а Гордана Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција и стана нова станарка во вилата на Водно.

Ќе го почитувам овој парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги помнам само добрите, ќе бидам претседателка и на левата и десната страна, на сите граѓани, рече Сиљановска-Давкова во инаугуративниот говор во Собранието

Изјавувам дека функцијата претседател на Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно, ќе го почитувам Уставот и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Македонија.

Без да ја употреби придавката „северна“, Сиљановска-Давкова ја прочита претседателската заклетва само со името Македонија
Без да ја употреби придавката „северна“, Сиљановска-Давкова ја прочита претседателската заклетва само со името Македонија

Тоа беше заклетвата што Гордана Сиљановска-Давкова ја прочита на денешната инаугурација во Собранието, без притоа да ја употреби придавката „Северна“. Во истиот миг, додека новата македонска претседателка ја даваше заклетвата, грчката амбасадорка Софија Филипиду, ја напушти собраниската галерија.

Во својот говор за инаугурацијата, пред пратениците, пред официјалните гости во Собранието, како и пред претставниците од странските амбасади во Северна Македонија, Сиљановска-Давкова нагласи дека е време за единство.

Ќе бидам претседателка и на левата и десната страна, на сите граѓани
Гордана Сиљановска-Давкова

„Ќе го почитувам овој парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги помнам само добрите, ќе бидам претседателка и на левата и десната страна, на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив по етничка, верска, полова, ниту по која било друга основа. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови, кои не се само најубав подарок за мојот роденден, туку се и најголема обврска што сум ја имала во животот. Ќе сторам сè за да ја оправдам, рече Сиљановска-Давкова.

Новата претседателка ја нагласи и потребата за поголема улога и за лидерство на жените во македонското општество.

„Единството може да значи и женска филозофија, женска автентичност. Ние умееме да се грижиме не само за себе, туку пред сè за сите останати. Среќна сум што деновиве првите честитки дојдоа од жени“, рече Сиљановска-Давкова, додавајќи дека првата честитка ѝ дошла од претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, како и дека роденденот го поминала во друштво до амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

Инаугуративен говор на новата претседателка
Инаугуративен говор на новата претседателка

Во поголем дел од говорот посочи дека присуството на жените во раководните органи, може да донесе напредок за државата.

Ние жените можеме да ја развиваме политиката како уметност на невозможното
Гордана Сиљановска-Давкова

„Во ова Собрание јас законите ќе ги читам и ќе се обидам да укажам на женски начин дека не мора да дојде до вето, дека можеме да направиме преку обраќањето некои корекции. Исто така, кога ќе именувам или предлагам членови на Судскиот совет или на Уставниот суд или на кој било орган, се разбира, ќе тргнувам од стручноста и компетентноста затоа што жените се таму на вистинските места, но за жал ги нема во политиката и јас затоа сум среќна што ќе инспирирам други жени. Ако можам јас да бидам претседателка, можете да бидете и вие, запомнете“, рече новата претседателка.

Сиљановска-Давкова рече дека ќе отвори пат за напредок на жените од сите националности.

„Јас ќе го пробивам патот на жените, но јас секаде гледам умни и посветени жени кои ги носам не само во умот туку и во срцето. Ние жените можеме да ја развиваме политиката како уметност на невозможното, а не само на возможното“, рече Сиљановска-Давкова и додаде дека „зад успешните жени, стојат прекрасни мажи“, посочувајќи на својот сопруг.

Церемонијално предавање на претседателската функција во вила Водно
Церемонијално предавање на претседателската функција во вила Водно

Сепак, Сиљановска-Давкова нагласи дека стручноста и компетентноста ќе бидат нејзиниот прв критериум за ангажирање на соработници.

„Не случајно, држава е во женски род, политика е во женски род, демократија е во женски род, Македонија е во женски род. Помогнете им пратеници на жените, да го изразат тоа што го имаат, а не можеле до сега“, посочи Сиљановска-Давкова.

Новата претседателка му се заблагодари на Христијан Мицкоски за поддршката во претседателската кампања. Но, го спомна и претходниот премиер, Димитар Ковачевски, за кого рече дека ѝ се јавил да поразговара со неа и да ѝ честита за победата.

Срдечен разговор меѓу досегашниот претседател и новата претседателка
Срдечен разговор меѓу досегашниот претседател и новата претседателка

После говорот во Собранието, следеше државничката церемонија во вилата
Водно, каде што ја чекаше досегашниот претседател и нејзин ривал на изборите, Стево Пендаровски.

Двајцата имаа полчасовна средба и прошетка низ вилата Водно, по што следеше срдечно поздравување. Пендаровски замина, а Сиљановска-Давкова остана како нов станар во претседателската вила на Водно.

Сиљановска-Давкова е првата претседателка на Северна Македонија и шести носител на функцијата од самостојноста на државата
Сиљановска-Давкова е првата претседателка на Северна Македонија и шести носител на функцијата од самостојноста на државата

Како што претходно најави, таа ќе го задржи тимот на досегашниот претседател додека да формира свој тим соработници и советници во Кабинетот.

Сиљановска-Давкова е шестиот македонски претседател. Претходно таа функција ја имаа Киро Глигоров (1991 – 1999), Борис Трајковски (1999 – 2004), Бранко Црвенковски (2004 – 2009), Ѓорге Иванов (2009 – 2019) и Стево Пендаровски (2019-2024).

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG