Сузан Тејлор од Бафало, Њујорк признава дека не може да биде од помош.
„Немам вештини за градење. Се плашам од летање”, вели Тејлор.
Но, кога таа отиде на интернет да донира пари за да помогне во напорите за обновување на Хабитат за човештвото по земјотресот во Кашмир во Пакистан во 2005 година, нешто ѝ го привлече вниманието.
„На рекламен банер пишуваше дека сега се прифаќаат апликации за тогашниот проект за работа на Џими Картер во Индија, и тоа ме удри како гром. Тоа беше она што требаше да го направам следно”, додава Тејлор.
Тејлор волонтираше со Хабитат за човештвото за да гради куќи заедно со Џими Картер во Индија во 2006 година. Таа учествуваше во уште десетина градежни проекти организирани од поранешниот претседател и неговата сопруга, Розалин, низ целиот свет.
„Ако ме прашате дали тоа е поради семејството Картес, тоа е единствената причина што се вклучив”, посочува Тејлор.
Семејството Картер секоја година поминуваа по една недела градејќи куќи за Хабитат за човештвото. Останатите 51 недела беа поминати во служба на нивниот непрофитен центар Картер, кој „се бори против болестите, гради надеж и дава мир“ низ целиот свет… нешто што Крис Џонс од Портланд, Орегон, не знаеше кога бараше организација да донираат пари. Џонс и неговата сопруга Барб, биле импресионирани од финансискиот менаџмент на центарот.
„Се испостави дека нешто што не го знаев во тоа време, но Џими Картер е штедлив и внимателно ги следел како се трошат средствата”, посочува Џонс.
Џонс не само што испраќал пари до Картер центарот низ годините, туку учествувал и во една од неговите клучни програми за демократија - следење на изборите.
„Имаше избори за време на туниската Арапска пролет во 2014 година. Тогаш добив повик дали може да бидам во Тунис следните неколку недели за оваа мисија и јас ја искористив шансата”, вели Џонс.
Џонс подоцна се приклучи на мисијата за набљудување на изборите на Картер Центарот во Либерија во 2017 година. Тој е благодарен што глобалната хуманитарна работа на семејството Картер му понудила можност која ја надминува финансиската поддршка. Тој вели дека неговото искуство со мониторирање на избори било „трансформативно“.
„Набљудувањето на избирачките места, следењето на броењето на гласовите навистина ми даде претстава за тоа како функционира демократскиот процес во овие земји”, истакнува Џонс.
Џонс вели дека Џими Картер би сакал да биде запаметен повеќе по она што го направил по годините во Белата куќа.
„Мислам дека неговото најгордо постигнување беше Картер Центарот и навистина сакам светот да се сеќава на тоа колку беше трансформативен и колку многу постигнал”, посочува Џонс.
Сузан Тејлор планира да продолжи да волонтира со Хабитат за човештвото и Центарот Картер. Таа вели дека меѓу најголемите почести за Картер се многуте поддржувачи кои учествуваат денес - и во иднина - кои никогаш не се сретнале лично со Џими или Розалин Картер.
„Има нови луѓе кои се приклучуваат како донатори, следбеници и градежници", вели Тејлор.
Центарот Картер надгледуваше повеќе од 100 избори и продолжува да се бори со запоставените тропски болести на глобално ниво. Паразитскиот Гвинејски црв, кој некогаш зарази повеќе од 3,5 милиони луѓе, е намален на помалку од 20 случаи. Целосното искоренување на болеста беше еден од напорите на Џими Картер со Центарот Картер.
Facebook Forum