Линкови за пристапност

Погреб на поранешниот претседател Џими Картер во Вашингтон


Ковчегот на поранешниот претседател Џими Картер покриен со знаме додека државната погребна поворка се упатува кон Конгресот во Вашингтон, на 7 јануари 2025 година
Ковчегот на поранешниот претседател Џими Картер покриен со знаме додека државната погребна поворка се упатува кон Конгресот во Вашингтон, на 7 јануари 2025 година

Поранешниот американски претседател Џими Картер денес ќе добие погреб во националната катедрала во Вашингтон, а неговите посмртни останки потоа ќе бидат пренесени за закоп во неговата родна држава Џорџија.

Живите претседателски наследници на Картер - Бил Клинтон, Џорџ В. Буш, Барак Обама, Доналд Трамп и Џо Бајден - треба да присуствуваат на погребот во Вашингтон, а Бајден ќе одржи говор.

Ужалените граѓани можеа да му оддадат последна почит во текот на ноќта во американскиот Капитол, каде што ковчегот на Картер лежеше од вторникот.

Дејвид Смит, професор на Картер школата за мир и разрешување конфликти на Универзитетот Џорџ Мејсон, рече дека поранешниот претседател очигледно влијаел на неговата кариера.

Тој изјави за Гласот на Америка дека дошол во Капитол да му оддаде почит како човек, но и на неговите каузи.

„Тој имаше големо влијание врз толку многу луѓе“, рече тој.

„Неговата работа за унапредување на малцинствата, назначување жени во судството, заштита на нашата животна средина, застапување за човекови права – сите тие работи се многу важни за мене“.

Во ротондата на Капитол - каде што само околу 50 Американци се признаени со оваа посебна чест од 1852 година - лидерот на мнозинството во Сенатот Џон Тун, во служба доцна во вторникот, го опиша Картер како:

„Ветеран на морнарицата, фармер на кикирики, гувернер на Џорџија. И претседател на на САД, учител и добитник на Нобеловата награда. Застапник за мир и човекови права. И пред сè, верен слуга на својот творец и на својот ближен“.

Потпретседателката Камала Харис - која во понеделникот во Капитол ја потврди победата на следниот претседател - ја пофали политиката на Картер.

„Тој беше првиот претседател на САД кој имаше сеопфатна енергетска политика, вклучително и обезбедување на дел од првата федерална поддршка за чиста енергија“, рече таа во вторникот.

„Тој, исто така, донесе повеќе од десетина главни закони во врска со заштитата на животната средина. И повеќе од двојно ја зголеми големината на американските национални паркови“.

Картер, кој беше 39-ти претседател, почина на 29 декември на 100-годишна возраст.

Кон крајот на декември, откако ја доби веста за смртта на Картер, Бајден рече:

„ Знаете дека би било добро за сите да се обидеме да бидеме малку повеќе како Џими Картер“.

Аналитичарите велат дека двајцата мажи имаат неколку заеднички работи.

„Има очигледна сличност; тоа е дека Картер се покажа како претседател со еден мандат, а Бајден се покажа како претседател со еден мандат“, изјави за Гласот на Америка на Зум Бил Галстон, висок соработник во Институтот Брукингс.

„Во двата случаи, би рекол дека двајцата претседатели ги ставија програмите пред политиката. И ја платија цената за тоа“.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG