Новата вакцина против ковид треба да излезе следниот месец, но здравствените експерти и аналитичари велат дека најверојатно ќе биде ладно прифатена дури и додека хоспитализациите од ерис, варијанта на омикрон, се зголемуваат низ целата земја.
Некои експерти за јавно здравје се надеваат дека Американците ќе ја прифатат новата терапија како што би ја прифателе вакцината против грип.
Но, побарувачката за вакцината драстично опадна од 2021 година кога за првпат стана достапна, и повеќе од 240 милиони луѓе во САД или 73% од населението, прими најмалку една вакцина.
Во есента 2022 година, помалку од 50 милиони луѓе беа вакцинирани.
Здравствените услуги ќе започнат следниот месец да ја нудат вакцината против новата верзија на вирусот омикрон што е доминантна од минатата година.
„Власите за јавно здравје, ако сакаат да видат дека мнозинството возрасни ги добива овие годишни вакцини, ќе мора да ѝ кажат на американската јавност дека ковид не е завршен и дека сè уште претставува ризик за нив“, вели директорката за методологија на истражување на Фондацијата Кајзер Ешли Кирзингер.
Минатата година, продажбата на вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“ надмина 56 милијарди долари ширум светот, а аналитичарите предвидуваат околу 20 милијарди долари за оваа година.
Аналитичарот на Jefferies Мајкл Ји, рече дека не очекува есенската кампања да ја достигне минатогодишната.
„Погледнете што се случи минатата зима. 50 милиони во САД, и се чини дека е веројатно пониско од тоа, со оглед на тоа што оваа година има помала загриженост за ковид отколку минатата година“, рече Ји.
Извор: Ројтерс