Линкови за пристапност

Ќе ги повикаме сите Американци да примат бустер против ковид есенва, вели Белата куќа


Администрацијата на претседателот Џо Бајден планира да ги повика сите Американци да примат бустер вакцина против коронавирусот оваа есен за да се спротивстават на новиот бран на инфекции, изјави официјален претставник на Белата куќа.

Официјалниот претставник рече дека додека Центрите за контрола и превенција на болести известуваат за зголемување на инфекциите и приемите во болница од вирусот, севкупните нивоа остануваат ниски.

Во четвртокот, „Модерна“ соопшти дека првичните податоци покажале оти нејзината ажурирана вакцина против ковид-19 е ефикасна против подваријантите „ерис“ и „форнакс“.

„Модерна“ и другите производители на ковид вакцини „Новавакс“, „Фајзер“ и „БиоНтек“ создадоа верзии на нивните вакцини насочени кон подваријантата XBB.1.5.

Во очекување на одобрение од здравствените регулатори во САД и Европа, компаниите очекуваат ажурираните вакцини да бидат достапни во наредните недели за есенската сезона на вакцинација.

„Ќе ги охрабриме сите Американци да ги добијат тие засилувачи покрај вакцините против грип и РСВ“, рече официјалниот претставник, мислејќи на респираторниот синцицијален вирус.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG