Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопштија дека следат нова, високо мутирана варијанта на вирусот што предизвикува ковид-19. Таа е наречена BA.2.86 и е откриена во САД, Данска и Израел, соопштија ЦДЦ во објавата на X.
„Како што дознаваме повеќе за BA.2.86, советите на ЦДЦ за заштита од ковид-19 остануваат исти“, велат оттаму.
Светската здравствена организација (СЗО) вчера во објава на X објави дека ја класифицирала BA.2.86 како „варијанта под мониторинг“ поради големиот број мутации што ги носи.
СЗО соопшти дека досега се пријавени само неколку секвенци од варијантата од неколку земји.
Новата варијанта, која има 36 мутации од моментално доминантната XBB.1.5 варијанта на ковид.
Лекарите велат дека останува да се види дали BA.2.86 ќе може да ги надмине другите видови на вирусот или ќе има некаква предност во избегнувањето на имунолошките одговори од претходна инфекција или вакцинација.
Раните анализи покажуваат дека новата варијанта „ќе има подеднакво или поголемо бегство од XBB.1.5 од антитела предизвикани од варијантите пред омикрон и првата генерација на омикрон“.
Извор: Ројтерс