Не може со сигурност да се каже кога официјално започнува трката за Белата куќа, но процесот за избор на претседателски кандидат е долг.
Претседателот Обама, кој се бори за реизбор, нема противкандидати од Демократската партија, додека Републиканската партија е во процес на избор на кандидатот за општите избори.
Републиканската трка ја започнаа најмалку девет кандидати чија популарност растеше и опаѓаше. Во моментов, во трката останаа четворица претенденти за партиската номинација.
Официјалниот процес на номинација започна со партискиот изборен состанок (кокус) во Ајова на 3-ти јануари, а веднаш потоа следеа прелиминарните избори на 10-ти јануари во Њу Хемпшир.
Следат повеќе избори и кокуси по сојузни држави, се` додека еден од кандидатите не го освои потребниот број на изборни делегати за официјално добивање на номинацијата на Републиканската партиска конвенција, што ќе се одржи кон крајот на летото.
Американските гласачи ќе излезат на општи избори на 6-ти ноември 2012-та.