Линкови за пристапност

Ромни се обидува да избегне пораз во Мичиген


Ромни се обидува да избегне пораз во Мичиген
Ромни се обидува да избегне пораз во Мичиген

Пред отворањето на гласачките места за прелиминарните избори анкетите покажуваат изедначена трка

Американскиот претседателски кандидат Мит Ромни се обидува да избегне пораз на прелиминарните избори во државата каде е роден, Мичиген. Таму тој некогаш имаше одлична предност и тоа е државата во која неговиот татко беше популарен гувернер.

Гласањето таму е едно од двете клучни што се одржуваат на овој ден кога републиканците избираат кандидат што ќе се соочи со демократскиот претседател Барак Обама на ноемвриските избори.

Ромни, поранешен гувернер на масачусетс, има проблеми во добивањето поддршка од социјалните конзервативци. Тие гласачи го поддржуваат Рик Санторум, кој беше американски сенатор во Пенсилванија.

Анкетите покажуваат дека двајцата се во изедначена трка во Мичиген, а тексашкиот претставник Рон Пол и поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич се далеку поназад. Може да се случи кандидатите да ги поделат делегатите од оваа држава зашто Мичиген дава делегати зависно од пропорцијата на гласовите.

Во југозападната држава Аризона, натпревар каде победникот зема се`, анкетите покажуваат дека Ромни има јасно водство над Санторум.

Овие прелиминарни избори доаѓаат една недела пред многу очекуваниот „супер вторник“, кога десет држави одржуваат претседателски номинирачки натпревари.

XS
SM
MD
LG