Линкови за пристапност

Ромни ги доби прелиминарните избори во Илиноис


Американскиот републикански претседателски кандидат Мит Ромни имаше убедлива победа на вторничките прелиминарни избори во Илиноис, зголемувајќи ја својата предност во трката за партиска номинација.

Со речиси сто проценти избројани гласови Ромни доби 47 проценти, далеку повеќе од неговиот главен ривал, поранешниот американски сенатор Рик Санторум, кој доби 35 проценти.

Другите двајца републикански кандидати, Рон Пол и Њут Гингрич, завршија далеку подолу.

Победата во Илиноис на Ромни му даде уште еден поттик за неговата кампања, која не успеа да ја добие поддршката од религиозните конзервативци што силно го поддржаа Санторум за време на номинирачкиот натпревар. Добро-финансираната и подобро организирана кампања исто така така беше фактор во победата врз Санторум.

Победата во Илиноис на Ромни му го даде мнозинството од државните 54 расположиви делегати и го ставија поблиску до потребната цифра од 1.144 делегати за обезбедување на републиканската номинација и спротивставување на актуелниот демократски претседател Барак Обама, на ноемвриските избори.

Во победничкиот говор во вторникот вечер во Чикаго, градот на Обама, поранешниот гувернер од Масачусетс повика на ново раководство во Белата куќа.

Зборувајќи на собир во неговата држава Пенсилванија, Санторум му честиташе на Ромни, но вети дека ќе остане во трката.

Републиканската номинирачка трка сега се движи кон Луизијана, каде Санторум очекува да победи во сабота, заради големиот број членови на религиозните конзервативци. Следната рунда на прелиминарни избори ќе се случи во почетокот на април, со натпревари во Висконсин, Мериленд и Вашингтон Д.Ц.

XS
SM
MD
LG