Линкови за пристапност

Обама ја брани енергетската политика

Претседателот и` наредил на владата да ја одобри изградбата на дел од контроверзниот нафтовод

Американскиот претседател Барак Обама и` нареди на неговата влада во четврток брзо ја одобри изградбата на сегмент на контроверзниот нафтовод, но ги предупреди мотиризираните во земјата дека глобалните тензии многу веројатно ќе ги задржат цените на бензинот на високо ниво.

Зборувајќи на индустриската локација за нафта во Кушинг, Оклахома, Обама кажа дека им наредил на владините агенции да го забрзаат одобрувањето на 780-километри долгиот нафтовод од таму до рафинериите на крајбрежјето на Мексиканскиот залив. Но тој ја одложи дискусијата за подолг нафтовод што ТрансКанада со седиште во Калгари сака да изгради од нафтените полиња во Алберта, Канада до поврзницата во Оклахома.

This item is part of
XS
SM
MD
LG