Линкови за пристапност

Републиканските претседателски кандидати во очекување на „Супер-вторник“


Важни факти за „супер вторник“

  • Четворица претенденти остануваат во трката за републикански канддиат за претседател.

  • Прелиминарните партиски избори се одржуваат во 10 сојузни држави.

  • „Супер вторникот“ вкупно носи 419 делегати.

  • Потребни се вкупно 1.144 делегати за обезбедување на републиканската номинација за претседателските избори.

  • Концептот „Супер вторник“ или прелиминарни избори во повеќе сојузни држави истовремено започна во 1988-ма година. Целта е на државите на југот на САД да им се даде поконсеквентна улога во номинирачкиот процес.

Американските републикански претседателски кандидати се на само неколку дена од круцијалното гласање на „Супер-вторникот“, кога 10 држави држат номинирачки натпревари и кога ќе биде определен јасен предводник.

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни води на националните анкети, додека поранешниот сенатор Рик Санторум е напред во истражувањето во клучната држава Охајо.

Во националното истражување на Галуп објавено во петок, Ромни има поддршка од 35 проценти, додека Санторум има 24 проценти. Другите кандидати, поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич и тексашкиот гувернер Рон Пол, заостануваат со 15 и 11 проценти.

Но, во Охајо, Институтот за истражување на јавно мислење на Квинипек Универзитетот, индицира дека Санторум има 35 проценти поддршка од веројатните републикански гласачи на прелиминарните избори, додека Ромни има 31 проценти. Гингрич е трет со 17 проценти, и Пол има 12 проценти.

Сепак, меѓу гласачите кои индицирале преферирање, 34 отсто велат дека може се` уште да се премислат пред 6-ти март.

Северозападната држава Вашингтон има кокуси во сабота, три дена пред многу антиципираното гласање на „Супер-вторникот“.

Победникот од оваа трка ќе се соочи со американскиот претседател Барак Обама, Демократ на ноемвриските избори.

XS
SM
MD
LG