Линкови за пристапност

Ромни се надева на победа во Илиноис


На денешните прелиминарни избори во залог се 69 делегати; анкетите покажуваат предност за него во однос на Санторум

Американскиот републикански претседателски претендент Мит Ромни се надева да го зголеми водството пред ривалот Рик Санторум по денешните прелиминарни избори во сојузната држава Илиноис. Анкетите покажуваат предност на Ромни од 15 поени, а во залог се 69 делегатски гласови. Поранешниот гувернер од Масачусетс веќе освои 521 делегати, додека Санторум има 253. За обезбедување партиска номинација на Републиканската партија се потребни 1.144 делегати.

Двајцата преостанатите кандидати во републиканската трка, поранешниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич и тексашкиот конгресмен Рон Пол далеку заостануваат.

XS
SM
MD
LG