Линкови за пристапност

Републиканските кандидати се подготвуваат за „супер вторник“


Прелиминарни партиски избори во 10 сојузни држави

Важни факти за „супер вторник“

  • Четворица претенденти остануваат во трката за републикански канддиат за претседател.

  • Прелиминарните партиски избори се одржуваат во 10 сојузни држави.

  • „Супер вторникот“ вкупно носи 419 делегати.

  • Потребни се вкупно 1.144 делегати за обезбедување на републиканската номинација за претседателските избори.

  • Концептот „Супер вторник“ или прелиминарни избори во повеќе сојузни држави истовремено започна во 1988-ма година. Целта е на државите на југот на САД да им се даде поконсеквентна улога во номинирачкиот процес.

Претседателските претенденти од редовите на Републиканската партија одржуваат завршни средби со избирачите пред утрешниот „супер вторник“ кога истовремено ќе се гласа во 10 сојузни држави.

Со секоја победа, претендентите освојуваат делегати од сојузните држави кои ќе учествуваат на завршната конвенција на Републиканската партија, на која и официјално ќе биде номиниран противникот на претседателот Барак Обама за изборите во ноември.

„Супер вторникот“ вкупно носи 419 делегати, што е речиси еднакво на вкупниот број на делегати од досегашните прелиминарни избори. На победникот ќе му требаат вкупно 1.144 делегати за да ја обезбеди републиканската номинација за претседателските избори.

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни и поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум се фокусирани на јавни настапи во Охајо. Според најновите анкети, нивниот рејтинг е практично изедначен.

Ромни води според вкупниот број на досега освоени делегати.

Поранешниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич планира серија интервјуа на националните ТВ-мрежи, како и настапи во Оклахома и Тенеси. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека Гингрич води во сојузната држава Џорџија, од каде потекнува.

Рон Пол, конгресменот од Тексас е на кампања во Ајдахо, по посетата на Аљаска.

Меѓу сојузните држави кои каде ќе се гласа утре се Масачусетс, Северна Дакота, Вермонт и Вирџинија.

XS
SM
MD
LG