Линкови за пристапност

Нема знаци за координирана кампања за нарушување на американските изборите


И покрај загриженоста за можно странско мешање во делумните американски избори кои се одржуваат денеска, федералните власти засега не пријавија никакви обиди за нарушување на изборниот процес.

Иако е рано да се коментира целокупниот процес на гласање, кое ќе го обликува правецот на државата во наредните две години досега нема извештаи за било каков кибернетски напад од страна на Русија или друга странска држава. Според извештаите гласањето во 170 илјади гласачки центри во државата се одвива без никакви и мешања.

Официјален претставник на Одделот за домашна безбедност изјави дека разузнавачките агенции не забележале никакви знаци на „координирана кампања“ за нарушување на изборите.

Во меѓувреме, имаше извештаи за долги редици и дефекти на изборните машини за време на раното гласање. Најголеми проблеми од ваков вид беа забележани во сојузната држава Џорџија.

Децентрализирано гласање

Изборите во САД се спроведуваат од страна на сојузните држави и локалните власти. Сепак, на две години од руското мешање во изборите, сојузните држави тесно соработуваат со Одделот за домашна безбедност, ФБИ, Дирекцијата за национално разузнавање и другите агенции со цел зајакнување на кибернетската одбрана. Одделот за домашна безбедност спроведе истрага за закани во 21 сојузна држава а беа поставени и сензори за откривање на можно побивање во компјутерските системи.

Сузбивање на гласачите и загриженост од постоење на измами

Иако вниманието беше свртено кон можното странско мешање, наводите за сузбивање на гласачите и можноста од измама се појавија како главни контраверзи во годинешните американските избори.

Во извештај од Непартискиот центар за правда Бренан од Универзитетот во Њујорк се наведува дека во последните две години, најмалку осум сојузни држави усвоиле построги закони за гласање. Во последните осум години, 23 сојузни држави ги зајакнале правилата за гласање, вклучувајќи и барање за идентификација.

Републиканците подолго време тврдат дека постои измама на изборите без да се понудат докази, додека демократите тврдат дека нема докази за ваква појава.

Стари гласачки машини

Потенцијален дефект на машините за гласање е уште еден извор на загриженост и причина за нерегуларности во гласањето пријавени во неколку држави.

Четириесет и три држави користат машини за гласање кои веќе не се произведуваат, велат од Центарот Бренан. Пет сојузни држави: Делавер, Џорџија, Луизијана, Њу Џерси и Јужна Каролина се потпираат исклучиво на компјутеризиран систем, без гласачки ливчиња. Осум други држави ги користат ваквите системи само во одредени изборни реони.

Групите за граѓански права се жалат дека некои машини за гласање во Џорџија и Тексас ги презеле гласовите од демократските кандидати и ги дале на републикански, објави весникот Политико.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG