За Американците под 30 години, коишто неодамна станаа најголемо гласачко тело во САД, и` честопати се критикуваат за пасивност на избори, можен не нов тренд.
Студентите, младите, сочинуваа 30 проценти од гласачите во САД на претседателските избори 2016-та, но, само половина од нив излегоа да гласаат на 4-ти ноември. Малку подобар одѕив на младите гласачи во сојузните држави кои традиционално важат клучни држави и кои може да бидат освоени и републиканците и од демократите, можеше да го смени резултатот на изборите.
На пример, на претседателот Трамп на патот кон Белата куќа му помогнаа гласовите од „генерација Икс“ меѓу 36 и 51 година, комбинирани со „Бејби Бумерс генерацијата“, или родени по Втората светска војна – меѓу 52 и 70 години.
„Младите луѓе не почнуваат да гласаат додека не го средат животот и не се стабилизираат“, вели Кеи Кавашима – Гринсберг, директор на Центарот за информатика и истражување при Универзитетот во Медфорд, Масачусетс. „Кога ќе ги прашате зошто не гласаат, особено оние со послаб бекграунд, тие наведуваат повеќе бариери“, додава Кавашима - Гринберг.
Мали, но значајни бариери. Со оглед дека речиси се селат секоја година, младите гласачи можеби немаат автомобил или превозно средство да дојдат до гласачките места, а дополнителен проблем е ако се регистрани да гласаат на поштенските адреси на нивните родители, а тие се наоѓаат на друга адреса, во друг град, студираат на Универзитет на трето место.
Други млади гласачи, можеби стравуваат да го прашаат претпоставениот да бидат ослободени од работа за да гласаат, особено ако работат на сатница.
Иако има други предизвици зошто младите не гласаат, неодамнешните социјални прашања коишто ја погодуваат нивната генерација – насилството од оружјето и климатските промени, може да бидат стимулирачки фактор на овие избори со глас за промени.
Неодамнешното истражување на CIRKLE покажа дека 34 проценти од младите на возраст меѓу 18 и 24 години, „најверојатно“ ќе гласаат на делумните конгресни избори.
Анкета на http://iop.harvard.edu/spring-2018-national-youth-poll од Институтот за политика на Харвард објави дека таа бројка се ближи до 40 проценти, од коишто „54 проценти од младите Демократите, 43 отсто од младите Републиканците, и 24 отсто од независните гласачи.
И гласачите на возраст меѓу 18 и 21 година, кои не можеа да гласаат во 2016-та, најверојатно во овој изборен циклус ќе го остварат правото на глас.
Не треба да се изостави и фактот дека средношколците од Паркланд, Флорида, кој што го преживеаја масовното пукање во февруари и го организираа маршот во Вашингтон еден месец подоцна кој што привлече повеќе од 200.000 учесници и поттикнаа кампања за регистрирање на нови гласачи на национално ниво.
Facebook Forum