Претседателот Трамп ја почнува кампањата низ осум сојузни држави во следните шест дена каде ќе одржи 11 митинзи во обид да ги зајакне шансите на Републиканците да имаат успех на делумните конгресни избори.
Прва станица на претседателот ќе биде Естеро, Флорида, каде ќе ги поддржи кандидатите за гувернер на Флорида Рик Скот во сенатската трка против демократот Бил Нилсон и конгресменот Рон Де Сантис против демократот Ендју Гилум, актуелен градоначалник на Талахаси.
Претседателот Трамп не е на гласачкото ливче на гласањето во вторник, но како што порача на митинг во октомври – „не сум на гласачкото ливче, но истовремено ова е референдум за мојата политика. Затоа сакам да гласате“.
Како што наближува гласањето во вторник, Трамп ја зајакна анти-имигрантската реторика за освојување на тврдокорните Републиканци. Имигрантското прашање го истакна како фокус за придобивање на поддршката, иако не успеа да обезбеди конгресно финансирање за изградба на Ѕидот долж американско-мексиканската граница.
Ако Демократите ја преземат контролата во Претставничкиот дом, тоа ќе значи крај на републиканската доминација во Белата куќа и во двата дома на Конгресот.
Демократите треба да освојат најмалку 23 места за да ја преземат контролата во Претставничкиот дом.
Успехот на демократите на ноемвриските избори ќе ја искомпликува кампањата за ре-избор на претседателот Трамп во 2020-та.
Facebook Forum