Линкови за пристапност

Зошто изборите во САД се одржуваат во вторник?


Ноемвриските национални избори во САД имаат долга историја

Низ целиот свет државите ги одржуваат националните избори во работни денови и викенди во текот на целата година.

Но, во САД, главните национални избори за претседател на секои четири години и конгресните избори на секои две години се одржуваат во вторник после првиот понеделник во ноември.

Така е од 1845 година, кога Конгресот избра дека изборите ќе се одржуваат најрано на 2-ри ноември, а најдоцна на 8-ми ноември.

Причината за ова лежи во аграрното минато на државата. Во 19-тиот век Американците, кои главно биле фармери, биле премногу зафатени со своите земјоделски култури во претходните месеци за да можат да се грижат за избори.

Но, од ноември работата на полињата се намалувала, бидејќи родот бил воглавно собран пред да падне првиот мраз. Недела била резервирана за во црква. Уште еден ден, понеделник, можеби бил потребен за со коњ или кочија да се стигне до глсачките места, така што вторник во ноември бил избран за изборен ден, пред фармерите да заминат на пазар во среда.

Денеска во Америка има и сугестии дека повеќе луѓе би можеле да гласаат на изборите ако тие се одржуваат во сабота или недела. Но, од една страна традициите тешко умираат, додека од друга нема сериозни напори за да се промени националниот изборен календар.

Следните избори во САД ќе се одржат во 2020 година, уште една изборна година за претседател, во вторник веднаш после првиот понеделник во ноември. Така, следните избори ќе бидат на 3 ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG