Линкови за пристапност

Американците гласаат на исклучително важни делумни избори


Американците гласаат на исклучително важни делумни избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00

Резултатот од овие избори може да го измести односот на силите во Вашингтон

Претседателот Доналд Трамп на кампања во Тенеси ги напаѓаше демократите по прашањето на имиграцијата борејќи се за зачувување на републиканското мнозинство во Сенатот:

„Демократите сакаат да поканат каравани на илегални имигранти да дојдат во државата. Јас не мислам така. Ниедна нација не смее да дозволи непочитување на нејзините граници. Тоа е инвазија. Не ми е грижа што велат лажните вести. Тоа е инвазија на нашата земја“рече Трамп.

Претходникот на Трамп, поранешниот претседател Барак Обама, исто така се вклучи во кампањата, но на страната на демократите:

„Кога ќе гласате, Илиноис, можете да отфрлите ваква политика. Кога ќе гласате, изберете надеж наместо страв.“

Многумина гласаа рано на овие избори, зашто двете партии на овие избори гледаат како на референдум за претседателот Трамп, вели експертот Џон Худак:

„Ова е претседател што сака изборите да ги направи референдум за него, главно затоа што тој мисли оти е популарен и ќе помогне да ги изнесе републиканците во победа.“

Но Трамп не се бори само со демократите, туку и со историјата, вели аналитичарот Џон Фортиер:

„Вообичаено, изборите на половина на мандат на претседателот одат против партијата на претседателот. Ова нема да биде различно. Демократите ќе бидат добри во Претставничкиот дом и во легислатурите на сојузните држави.“

Историски, републиканците повеќе излегуваат на гласање на делумни избори. Тоа прави притисок на демократските избирачи да излезат и да гласаат, вели Френк Њупорт од Галуп:

„Претпоставка е дека републиканците секако ќе излезат, затоа на демократските кандидати е да ги мотивираат своите луѓе.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG