Линкови за пристапност

Трамп и Обама во кампања за утрешните избори


Кандидатите за членови на Сенатот и Претставничкиот дом го користат последниот ден од кампањата во обид да ги привлечат гласачите пред утрешните делумни избори.

Претседателот Доналд Трамп посакува републиканците да го задржат мнозинството во обата дома, додека демократите се обидуваат да го разбијат монополот.

За време на вчерашниот собир во сојузната држава Џорџија, претседателот Доналд Трамп ги предупреди поддржувачите:

„На овие избори ќе се одлучи дали ќе продолжиме да го надградуваме извонредниот просперитет што го создадовме. Дали ги видовте податоците од петокот? Дали ги видовте? Или ќе им дозволиме на радикалните демократи да и наштетат на нашата економија и на нашата иднина“ рече Трамп.

За време на собир за поддршка на демократскиот сенатор од сојузната држава Индијана Џо Донели, поранешниот претседател Барак Обама му се потсмеваше на Трамп велејќи дека сакал да им помогне на обичните граѓани со тоа што потпишал закон за даночни намалувања за богатите:

„Додека се обидуваат да ви го одвлечат вниманието, тие ве ограбуваат, без да видите. Тие велат, свртете го вниманието на караванот, додека тие ги кратат даноците за нивните милијардери. Ви велат, погледнете се случуваат страшни работи, додека ја саботираат вашата здравствена заштита. Не можете да паднете на ова.“

Политичките аналитичари и анкетите и даваат подобри шанси на демократите за освојување на мнозинство во Претставничкиот дом отколку во Сенатот. Гласачите ќе изберат кој ќе ги пополни сите 435 места во Претставничкиот дом и 35 од 100-те места во Сенатот.

Освен конгресните избори во 36 од 50 американски сојузни држави во вторникот ќе се избираат и гувернери. Во моментов има 33 републикански гувернери, 16 демократи и еден независен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG