Администрацијата за храна и лекови на САД вчера ги одобри ажурираните вакцини за ковид-19 направени од „Фајзер“ и „Модерна“, кои треба да ги таргетираат тековните циркулирачки видови на ковид-19 и да понудат подобра заштита од тешките симптоми на вирусот.
Фармацевтските компании треба да започнат со испорака на милиони дози од вакцините за неколку дена.
Третата фармацевтска компанија „Новавакс“, рече дека очекува наскоро да ѝ биде одобрена нејзината ажурирана вакцина.
Центрите за контрола и превенција на болести препорачаа ажурирани вакцини за луѓе на возраст од 6 месеци и постари.
Одобрувањето на новите вакцини доаѓа во време на бран нови инфекции со ковид-19 и зголемување на хоспитализациите и смртните случаи поврзани со ковид-19 во САД.
Сепак, по пандемијата, побарувачката за вакцини се намали.
„Силно ги охрабруваме оние кои ги исполнуваат условите да размислат за примање ажурирана вакцина против ковид-19 за да обезбедат подобра заштита од варијантите кои моментално циркулираат“, рече шефот за вакцини д-р Питер Маркс.
„Вакцинирањето продолжува да биде камен-темелник на превенцијата од ковид-19“, рече тој.
Одбивањето на вакцината „опасен начин“, рече д-р Роберт Хопкинс Џуниор од Националната фондација за заразни болести.
Дури и ако последната инфекција на пациентот била блага, без новата вакцина, следната инфекција со ковид-19 може да биде поостра или дури да доведе до долготрајни симптоми на ковид, рече тој.
Хопкинс, исто така, ги повика луѓето кои се изложени на висок ризик од сериозна болест или смрт од вирусот ковид-19 да закажат да ја земат ажурираната вакцина што е можно поскоро.
Групите со висок ризик вклучуваат постари возрасни лица, луѓе со слаб имунолошки систем или основни медицински состојби, жители во старечки домови и бремени жени.
„Ковид не убива многу деца, фала богу, но убива многу повеќе деца отколку грипот“, рече Хопкинс, нагласувајќи ја важноста на ажурираните вакцини за децата и нивните наставници.
Здравствените власти, исто така, ги повикуваат луѓето да запомнат дека иако претходните инфекции и вакцини за ковид-19 нудат одреден имунитет од вирусот, имунитетот не трае вечно.
Минатогодишните вакцини беа насочени кон вид на коронавирус кој повеќе не циркулира.
Здравствените власти, исто така, се обидуваат да ја намалат загриженоста во врска со добивањето вакцина против ковид-19 и грип во исто време.
Вакцинирањето заедно е добро, рекоа тие, но и поудобно.
Некои информации во текстот се од Асошиетед прес и Ројтерс