Линкови за пристапност

Притисок врз Унгарија да дозволи влез на Шведска во НАТО


Притисок врз Унгарија да дозволи влез на Шведска во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Сојузниците на Унгарија во НАТО го зголемуваат притисокот врз премиерот Виктор Орбан брзо да го одобри пристапот на Шведска во алијансата, откако пратениците од неговата партија одбија да гласаат за ова прашање во парламентот. Известува Хенри Риџвел.

Шведска поднесе барање да се приклучи на НАТО по руската инвазија на Украина во 2022 година, но Унгарија постојано ја одложува ратификацијата. Унгарија е членка на НАТО веќе 25 години. Таа е единствената земја што го блокира пристапот на Шведска во алијансата.

Унгарскиот парламент во моментов не заседава, но пратениците од опозицијата свикаа вонредна седница за да гласаат за кандидатурата на Шведска за НАТО. Сепак, пратениците од владејачката партија на премиерот Виктор Орбан одбија да присуствуваат.

Томпош Мартон беше меѓу пратениците од опозицијата кои бараа да се гласа.

„Од една страна, можеме да кажеме дека тоа е погрешна проценка. Тие едноставно не ја разбраа ситуацијата. Од друга страна, исто така, постојат размислувања дека единствената личност која има корист од ова е Владимир Путин, а господинот Орбан веќе му направи неколку услуги. А зошто да не направи уште една?“, вели Мартон.

Сојузниците на Унгарија во НАТО го зголемуваат притисокот. Амбасадорот на САД Дејвид Пресман зборуваше по седницата на Парламентот.

„Премиерот вети дека ќе го свика Парламентот за да дејствува што е можно поскоро. Денеска беше прилика да го направиме тоа, и со нетрпение очекуваме да го следиме ова одблизу и Унгарија да дејствува експедитивно“, истакна Пресман.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG