Линкови за пристапност

Би сакале Трамп да се врати на претседателската функција, кажа Орбан


Не можеме да се вклучиме во избори во друга земја, но навистина би сакале претседателот Доналд Трамп да се врати на претседателската функција, изјави унгарскиот премиер
Не можеме да се вклучиме во избори во друга земја, но навистина би сакале претседателот Доналд Трамп да се врати на претседателската функција, изјави унгарскиот премиер

Речиси 14 години Унгарија ја води еден човек - Виктор Орбан. Критичарите велат дека премиерот акумулирал моќ и богатство со заробување на државните институции.

„Партијата на Орбан е толку испреплетена со сите институции, со сите власти, со сите нивоа на унгарската држава, што всушност веќе не е целосна демократија, туку хибриден режим“, вели пратеникот Мартон Томпош.

Неодамнешните проценки сугерираат дека Орбан и неговата партија Фидес поседуваат или контролираат до 90 отсто од унгарските медиуми.

Еден од ретките преостанати независни медиуми е Директ36, кооснован од Андраш Пето, откако неговиот претходен работодавец беше купен од лојалистите на Фидес.

„Зборуваме за стотици медиуми - дигитални, печатени, ТВ, радио, локални и национални. Сè. Тие го покриваат целиот спектар. Тоа е цел медиумски систем кој служи само за една цел, а тоа е ширење на владините пораки“, вели новинарот Андраш Пето.

Тие пораки се` повеќе се насочени кон Европската Унија. Блокот ја обвинува Унгарија за кршење на владеењето на право и замрзна милијарди долари од фондовите на ЕУ.

За возврат, Орбан започна пропагандна кампања против ЕУ - со билборди на кои се изјавува дека „нема да танцува на мелодијата на Брисел“.

Но, Орбан го загуби својот партнер за танцување. Полската десничарска партија Право и правда - близок поранешен сојузник на Фидес - беше тргната од функција во октомври.

„Во споредба со Унгарија, сè уште има доста независни медиуми во Полска. Така, претпоставувам дека овој вид на процес на промена на државата е многу понапреден овде во Унгарија“, рече експертката по уставно право Барбара Грабовска.

Новинарот Андраш Пето се согласува.

„Орбан има многу построга контрола врз земјата. Тој работи на тоа три децении. Имаше многу време. Тоа е една работа. А другата работа е што опозицијата е во навистина лоша состојба во Унгарија“.

Унгарската влада и партијата Фидес не одговорија на повеќето барања на Гласот на Америка за коментар, но и двете страни негираа дека демократијата и слободата на печатот се во ризик.

Владеењето на Виктор Орбан изгледа силно како и секогаш. И тој ќе се обиде да воспостави поблиски врски со сојузниците надвор од Унгарија, додека Европската Унија и САД одржуваат клучни избори подоцна оваа година.

Орбан не крие кого поддржува.

„Не можеме да се вклучиме во избори во друга земја, но навистина би сакале претседателот Доналд Трамп да се врати на претседателската функција“, изјави Орбан.

Тој верува дека времето е на негова страна и оти наскоро нема да биде повеќе сам на меѓународната сцена.

XS
SM
MD
LG