Линкови за пристапност

Нема да ги коментирам изгледите за средба на Блинкен со Лавров, рече О`Брајен


Патувањето на секретарот Блинкен, исто така, е предмет на извесна промена, така што не сакам да понудам никакво ветување за тоа со кого ќе се сретне или не, рече помошникот-државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања
Патувањето на секретарот Блинкен, исто така, е предмет на извесна промена, така што не сакам да понудам никакво ветување за тоа со кого ќе се сретне или не, рече помошникот-државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања

Помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О`Брајен, потврди дека државниот секретар Ентони Блинкен ќе оди на самитот на ОБСЕ во Скопје в среда, на прашање на Гласот на Америка за време на телефонски брифинг со новинарите.

„Во ОБСЕ, секретарот Блинкен ја предводи нашата делегација. Тој ќе биде таму во - среда веднаш по завршувањето на ова министерство. Затоа, очекуваме дека тој ќе се вклучи во добра дискусија со нашите колеги од ОБСЕ за поддршката за Украина“, рече О`Брајен.

На прашањето на Гласот на Америка дали Блинкен потенцијално би се сретнал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доколку присуствува, О`Брајен рече:

„Не знам какви се плановите на министерот Лавров да присуствува в четврток, затоа нема да коментирам за тоа, ниту за изгледите за некаков вид на средба, доколку се случи такво нешто. Очигледно, патувањето на секретарот Блинкен, исто така, е предмет на извесна промена, така што не сакам да понудам никакво ветување за тоа со кого ќе се сретне или не, но засега, тој ќе биде таму в среда на чело на нашата делегација“.

Тој, исто така, нагласи дека Блинкен ќе зборува за Западен Балкан на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, вклучувајќи го и првиот состанок на министрите за надворешни работи на Советот НАТО-Украина.

„Како што знаете, НАТО обезбедува критична безбедносна поддршка во северно Косово и поддршка за силите на ЕУ во Босна. Таа долго време стоеше како столб на безбедноста што им е неопходна на државите од Западен Балкан додека се движат по нивниот европски пат. Така, нивните министри ќе имаат можност да ги забележат неодамнешните чекори за проширување на ЕУ и планот за раст за регионот. Тие, исто така, ќе можат да разговараат за улогата што ја игра безбедноста во создавањето простор за државите од Западен Балкан да донесат свои одлуки за тоа колку брзо сакаат да продолжат напред“, рече тој, додавајќи:

„На Западен Балкан, ние го поддржуваме робусното присуство на КФОР во северно Косово. Мислам дека северот да биде безбеден и тивок е клучот за постигнување политички напредок на патоказот и на патиштата на двете земји кон Европа. Значи, важно е двете страни да разберат дека ако има некакво нарушување на северот, тоа е по цена да ги водат против НАТО. И тоа е важен чекор од мај, каде што видовме дека ситуацијата малку се смирува на север. Имаше несреќна епизода во септември кога српските паравоени сили беа прекинати од косовската полиција додека се обидуваа да позиционираат многу опасна опрема. Мислам дека видовме деескалација оттогаш, и нашата намера е тоа да продолжи, а за тоа да се случи е важно да имаме многу активно присуство на КФОР. Она што би сакале да го видиме е дека двете страни се фокусираат на нивните барања што ги прифатија како сопствен патоказ кон нормализација и взаемно признавање, додека тие ќе го продолжат својот пат во текот на следните месеци“.

Стејт департментот, за Гласот на Америка на македонски, минатиот понеделник изјави дека војната во Украина ја нагласува итноста Западен Балкан да се интегрира во евроатлантските институции, одговарајќи на барањето да ја искоментира изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Русија потенцијално може да предизвика нови кризи на Балканот.

Зеленски неодамна предупреди дека Русија би можела да се подготвува да предизвика криза во балканскиот регион за да го оттргне вниманието од тековната војна во Украина.

„Посветени сме да работиме со земјите од Западен Балкан, нашите европски партнери и меѓународната заедница, за унапредување на реформите во управувањето, владеење на правото, изборните и антикорупциските реформи, кои ќе ја намалат можноста за малигно руско влијание и ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет на регионот“, се вели во изјавата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски.

И портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано, изјави дека Европската Унија ја споделува загриженоста на Зеленски за руското негативно влијание на Западен Балкан.

„Долго време зборувавме дека Русија прави напори да изврши малигно влијание и во регионот на Западен Балкан. Во овој момент се согласуваме со претседателот на Украина и знаеме дека Русија прави се’ што може за да сее незадоволство, политичка нестабилност, странско влијание, манипулација со информации и другo. Затоа, поради оваа причина, ЕУ има зголемена помош за партнерите во земјите од Западен Балкан за соочување со овие закани“, рече тој на неодамнешна прес-конференција во Брисел.

XS
SM
MD
LG