Линкови за пристапност

НАТО размислува да го зголеми бројот на војници во Косово


Сега разгледуваме дали треба да имаме потрајно зголемување за да се осигураме дека ова нема да излезе од контрола и да не создаде нов насилен конфликт во Косово или поширокиот регион, им рече Столтенберг на новинарите при посетата на Косово
Сега разгледуваме дали треба да имаме потрајно зголемување за да се осигураме дека ова нема да излезе од контрола и да не создаде нов насилен конфликт во Косово или поширокиот регион, им рече Столтенберг на новинарите при посетата на Косово

НАТО бара потрајно зголемување на бројот на војници во Западен Балкан за да ги држи тензиите под контрола, изјави вчера генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

НАТО испрати стотици дополнителни сили на Косово од Велика Британија и Романија, по инцидентите во северно Косово на 24 септември.

„Сега разгледуваме дали треба да имаме потрајно зголемување за да се осигураме дека ова нема да излезе од контрола и да не создаде нов насилен конфликт во Косово или поширокиот регион“, им рече Столтенберг на новинарите при посетата на Косово.

Престрелката во септември предизвика нова меѓународна загриженост за стабилноста на Косово, кое има мнозинство етничко Албанци и прогласи независност од Србија во 2008 година по герилскиот бунт и интервенцијата на НАТО во 1999 година.

Околу 50.000 Срби кои живеат во северно Косово не ги признаваат институциите на Приштина и го гледаат Белград како главен град.

Тие често се судираа со косовската полиција и меѓународните мировници, но насилството во септември беше најлошо во последните години.

Мировната мисија на НАТО КФОР, која е во функција од 1999 година, опфаќа над 4.500 војници од 27 земји.

XS
SM
MD
LG