Линкови за пристапност

Милиони долари од руски олигарси замрзнати во Летонија 


Милиони долари од руски олигарси замрзнати во Летонија 
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:41 0:00

Летонија некогаш беше прибежиште за руските олигарси кои преку бројни канали внесуваа милиони долари без јасни покритија. Но, откако Западот ја промовира идејата за поддршка на Украина преку замрзнатите руски пари, Летонија стана силен поддржувач на планот. Известува Мирослава Гонгадзе. .

Јурмала во близина на летонскиот главен град Рига беше главно место за одмор за богатите советски граѓани до 1991 година, кога се распадна Советскиот Сојуз.

Тогаш како нова членка на Европската Унија, Летонија им понуди златна виза и дозвола за престој на оние кои отвориле банкарска сметка и инвестирале во недвижен имот.

Земјата стана клучна влезна точка во Европската Унија за богатите Руси, вели Санита Џемберга од Балтичкиот центар за истражувачко новинарство.

„Луѓето од Советскиот сојуз доаѓаа овде, тоа беше како носталгија, прозорец кон Европа. Кога почнавме да ги распродаваме имотите и банките, тогаш ова беше улицата на која што можеше да го сретнете секој руски олигарх кој може да го замислите, а кој имаше имот овде”, објаснува Џемберга.

Како истражувачка новинарка, Џемберга следи руски пари во Летонија. Таа вели дека во последните две децении, Русите создале светилиште на плажата во Јурмала.

„Мала Русија без Путин. Ајде да го именуваме така”, вели новинарката.

Таа вели дека летонискиот закон во тоа време дозволувал лесен проток на руски пари во и надвор од земјата. Шемата продолжи и по руската инвазија на Крим во 2014 година.

Паулис Илјенковс, е главен финансиски истражувач во Летонија.

„До 2018 година, Летонија се сметаше за рај за перење пари”, вели Илјенковс.

Но, Илјенковс вели дека работите се смениле во 2018 година, откако во извештајот на Европската комисија се обвини Летонија дека не прави доволно во борбата против перењето пари. САД, исто така, обвинија летонска банка за институционализирано перење пари и заобиколување санкции.

„Имаше многу силна политичка определба за многу брза реформа на нашиот финансиски систем и тоа навистина беше направено во многу краток временски рок. Се направија многу промени во законодавната рамка. Доделени се многу ресурси на надлежните органи за борба против финансискиот криминал”, додава новинарот.

Летонија, исто така, го реформираше својот финансиски сектор, создавајќи Летонска единица за финансиско разузнавање, која се справува со перење пари и ги спроведува санкциите на Европската Унија и САД поврзани со руската инвазија на Украина.

„Објавивме список на секое лице чии средства се замрзнати во Летонија врз основа на санкции и не само директно назначени поединци кои се на списокот со санкции, туку и правни лица кои се во сопственост или контролирани од санкционирани поединци”, вели Илјенковс.

Санкционирани се 157 физички лица, а сметките во Летонија во вкупна вредност од околу 110 милиони долари се замрзнати, додава Илјенковс.

Замрзнатите средства вклучуваат седумдесет и четири недвижнини, вклучително и еден во Јурмала во сопственост на Михаил Фридман, руско-израелски тајкун роден во Украина.

„Ова порано беше санаториум што го купи компанијата на Михаил Фридман, тие сакаа да го претворат веројатно во хотел или апартман бидејќи морето е на само 200 метри од тука”, објаснува Џемберга.

Претходно ова лето, министрите за надворешни работи на трите балтички држави, вклучително и Летонија, побараа од Групата 7 да работи на користење на замрзнатите руски средства во корист на Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG