Линкови за пристапност

Русија забрани влез на 92 Американци


„Ги потсетуваме сегашните власти на САД на неизбежноста на казнување за непријателски дејствија“, се вели во соопштението на МНР на Русија
„Ги потсетуваме сегашните власти на САД на неизбежноста на казнување за непријателски дејствија“, се вели во соопштението на МНР на Русија

Русија соопшти дека додала 92 лица на списокот на Американци на кои им е забранет влез во земјата, вклучително и новинари од „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Вол Стрит Џурнал“ и неколку американски функционери.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека забраната е применета „како одговор на русофобичниот курс што го спроведува администрацијата на Бајден со декларирана цел „да ѝ нанесе стратешки пораз на Москва“.

„Ги потсетуваме сегашните власти на САД на неизбежноста на казнување за непријателски дејствија“, се вели во соопштението на МНР на Русија.

Забранетите новинари, соопшти министерството, претставуваат „водечки либерално-глобалистички публикации вклучени во производство и ширење на „фалсификати“ за Русија и руските вооружени сили“.

Главниот уредник на „Вол Стрит Џурнал“ Ема Такер е меѓу забранетите новинари.

„Режимот на Путин е фарсично доследен во својот сеопфатен напад врз слободниот печат и вистината. Оваа смешна листа на цели не е исклучок“, рече портпаролот на „Вол Стрит Џурнал“ .

Новинарот на „Вол Стрит Џурнал“ Иван Гершкович беше затворен во Русија повеќе од една година, а неодамна беше ослободен во размена на затвореници Русија-Запад.

Минатата недела, САД објавија нови санкции за повеќе од 400 субјекти обвинети за поддршка на Русија за време на нејзината војна со Украина.

Според Одделот за финансии, санкциите се фокусирани на фирми во Русија, Европа, Азија и на Блискиот Исток, обвинети дека ѝ помагаат на Русија да ги избегне американските санкции и ѝ овозможиле војна во Украина.

Времето на соопштението на руското министерство, исто така, следи по неодамнешните вести дека САД се обидуваат да ги снабдуваат украинските војници со одбранбено оружје за украинската кампања против руската инвазија.

Некои информации се од АП, Ројтерс и агенцијата Франс-прес

XS
SM
MD
LG