Линкови за пристапност

Лавров: Блинкен е кукавица зашто порано замина од Скопје 


Се` што министерот Лавров ќе каже би го земал со заддршка, рече амбасадорот на САД во ОБСЕ Мајкл Карпентер
Се` што министерот Лавров ќе каже би го земал со заддршка, рече амбасадорот на САД во ОБСЕ Мајкл Карпентер

Западот е виновен за ситуацијата во која се наоѓа Европа – накусо на тоа се сведува денешната прес-конференција на првиот руски дипломат.

Сергеј Лавров, во Скопје, на последниот ден од Министерскиот совет на ОБСЕ, во настап од безмалку час и половина ги повторуваше познатите позиции на официјална Москва за војната во Украина, за состојбата на стариот континент, за односите и влијанијата на Балканот, за тоа зошто ОБСЕ се соочува со такви проблеми поврзани со нејзиното функционирање... Лавров даде и свое видување за неговото присуство на Советот поради што не дојдоа министри на неколку држави и зошто американскиот државен секретар Блинкен замина од Скопје пред рускиот државен авион да слета на аеродромот.

„Me фотографираа за да кажат дека сите дојдоа на неформалната вечера на министри, а само Лавров е излоиран. Но јас имав прекрасна вечера со македонски вина и јадења и бев присутен на утринското официјално отворање на собирот на ОБСЕ. А таму немаше министри од Украина, Полска и балтичките држави. Секретарот Блинкен замина, замина и високиот претставник на ЕУ Борел. Зошто заминаа? Мислам дека тие се само кукавици кои се плашат од каков било искрен разговор базиран на факти.“

Обвинувања не застанаа тука – Лавров го впери прстот кон Западот за проблемите кои ја тресат ОБСЕ – тврди дека Русија има докази дека се работи на уништување на оваа организација.

„Би сакал да го изразам моето жалење зашто за време на оваа сесија на Министерскиот совет на ОБСЕ се најдовме во ситуација оваа годинишнина да не е причина за славање. Идовме целосен пад на се што е создадено од ОБСЕ и претходно од КЕБС, видовме деградирање на се` и тоа во сите 3 димензии на безбедносната, воената, политичката, економската, хуманитарната димензија и во делот на човековите права. Ни би давал конкретни примери. Дозволете да кажам дека имаме цврст доказ дека нашите западни колеги не научиле лекции од нивниот неуспех, тие се стремат кон уништување на ОБСЕ.“

Така не мислат останатите држави-членки. Сметаат дека фактот што ОБСЕ успеа да ги надмине проблемите и да избере иден претседавач – Малта, се сигнал дека тоа е победа и дека ОБСЕ ќе продолжи да функционира и наспроти блокадите на Москва.

„Русија останува изолирана во ОБСЕ, ниту една членка не ја поддржува руската агресија. Русија е земја-агресор, се` што министерот Лавров ќе каже би го земал со заддршка“, рече амбасадорот на САД во ОБСЕ Мајкл Карпентер.

Денеска е последниот ден од Министерскиот совет на ОБСЕ што беше најголемиот меѓународнен настан организиран во Македонија.

Собирот, од една страна покажа дека ОБСЕ покажа отпорност и успеа да го зачува 50-годишниот континуитет, но исто така и го потврди јазот во организацијата начнат со стартот на руската агресија врз Украина.

Поврзано

XS
SM
MD
LG