Паузата во борбите против Хамас ќе продолжи додека не се ослободат заложниците, но после тоа борбите против Хамас ќе продолжат, порача израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, пред почетокот на 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје.
„Ќе продолжиме да се бориме (со Хамас) додека не ги вратиме сите заложници и додека не го елиминираме Хамас“, рече Коен.
Тој повика на глобална акција против Хамас, организација што Коен ја изедначи со ИСИС.
Додека не ги ослободат заложниците, паузата ќе продолжи. Но, после паузата, ќе продолжиме со борбите
„Светот треба да биде обединет да ја ослободи Газа од Хамас – ИСИС за да бидеме сигурни дека такви злосторства нема да се случат на ниту едно друго место во светот“, истакна Коен.
Израелскиот министер додаде дека паузата во борбите ќе трае додека има ослободување заложници, но и дека борбите ќе продолжат.
„Одлучни сме да продолжиме да се бориме против терористичката организација. Додека не ги ослободат заложниците, ќе продолжиме со паузата. Но, после паузата, ќе продолжиме со борбите“, посочи Коен.