Линкови за пристапност

Стејт департмент: Блинкен нема да има каква било средба со Лавров во Скопје


Виш функционер на Стејт департментот рече дека не очекува американскиот државен секретар Антони Блинкен да има каква било средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Северна Македонија, пренесе дописничката од Гласот на Америка од Стејт департментот.

„Не очекуваме средба“, потврди функционерот од Стејт департмент на прашањето за можноста за каква било средба меѓу Блинкен и Лавров.

На прашањето за бојкотот од Украина, Латвија, Естонија и Литванија поради присуството на Лавров во Скопје, вишиот функционер на Стејт департментот истакна дека: „очигледно ја почитуваме способноста на секоја земја да донесе одлука дали треба да присуствува или не. Сметаме дека тоа е корисен Форум за ангажирање со членовите на ОБСЕ и ќе присуствуваме поради таа причина“.

На прашањето за пораката на Блинкен да присуствува на Самитот на ОБСЕ, вишиот функционер на Стејт департментот рече дека ОБСЕ е навистина важна институција за справување со политичките прашања и прашањата за човековите права низ Европа.

„Секретарот ќе биде во Скопје во знак на солидарност со Северна Македонија која заврши одлична работа во тешка година како претседавач, и да изрази солидарност со другите членки на ОБСЕ“, изјавија од Стејт департментот.

Антони Блинкен заминува за Блискиот Исток доцна во средата навечер од Скопје.

Состаноците на Лавров за време на Самитот на ОБСЕ во Севрена Македонија ќе бидат во четврток, потврди дописничката на Гласот на Америка од Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG