Линкови за пристапност

Блинкен и Османи порачаа – остануваме обединети во поддршката за Украина


СКОПЈЕ - Силна осуда за руската воена агресија и цврста поддршка за украинскиот народ е пораката која ја испратија американскиот државен секретар Ентони Блинкен и претседавачот на ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, по нивната официјална средба која се одржа попладнево во министерството за надворешни работи (МНР).

На средбата се разговарало за актуелните меѓународни случувања, со посебен фокус на состојбите во Украина.

“Како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за Украина и одбраната на современите демократски вредности и принципи. Силно ја осудуваме руската воена агресија што претставува напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и сериозна закана за светскиот мир и стабилност”, изјави претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи.

Американскиот државен секретар Блинкен и минстерот Османи ја поздравија одлуката што го отвара патот Малта да биде иден претседавач со ОБСЕ во 2024 г., со што се надмина кризата со која се соочуваше организацијата. Блинкен ја нагласи одличната работа која што ја заврши македоснкото претседавање со организацијата.

„ Јас морам да ви кажам колку сме благодарни на вашето претседавање со ОБСЕ во како што и самите рековте многу тежок период. Завршивте исклучително добра работа, успеавте да ја проширите мисијата на ОБСЕ и покрај значителните пречки. Знам дека бевте подготвени да продолжите но мило ми е што Малта би ја преземе палката. Како што знаете ние силно ја поддржуваме вашата евроатланска интеграција и ја поддржуваме работата за зајакнување на вашите демократски институции. Во сето ова вие можете да сметате на САД како силен партнер и затоа една од причините поради кои сум јас тука оваа вечер не само ОБСЕ туку и за Северна Македонија и да покажам колку го цениме партнерството кое го имаме“, рече државниот секретар Блинкен а пренесе телевизија „Телма“.

Од македонското МНР соопштија дека посетата на американскиот државен скретар Ентони Блинкен е уште една потврда за новиот однос меѓу двете дипломатии што започна минатата година кога Османи и Блинкен заеднички го лансираа Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG