Преместување на редакција која работи нон-стоп преку океан речиси преку ноќ не е лесна задача. Но, таква е ситуацијата во која се најде тимот на Иран Интернешнл со седиште во Вашингтон, oткако серијата напади врз нивните во Лондон – лани принудија до привремено затворање на британската канцеларија.
„Нивната цел беше да го запрат ТВ каналот на Иран Интернешнл ТВ и не можевме да дозволиме тоа да се случи. Моравме да направиме сè што можеме за да го одржиме каналот во етер“, вели Меди Парпанчи, извршен уредник на „Иран интернејшенел“.
Нападите против радиодифузерот беа безобразни. Спречени напади за атентат, прободување со нож во Лондон и сериозни закани до степен што репортер бил принуден да се пресели во безбеден дом во Шведска. Зад овие инциденти се верува дека стои Техеран.
„За жал, ваквите закани се зголемуваат. Моментално најголем таргет се новинарите на Иран Интернешнл, но нема причина да се верува дека ова ќе запре“, додава Парпанчи.
Техеран е една од десетиците влади кои се впуштаат во тактики познати како транснационална репресија за да ги замолчат критичарите надвор од нивните граници.
„Иран долги години ги таргетираше новинарите на свој терен. Но, она што почна да се развива во индустрија во огромни размери во Иран е транснационалната репресија насочена кон новинарите надвор од земјата, користејќи ја долгата рака на државата за да се обиде да ги замолчи новинарите“, објаснува Каоифхион Галагер од „Doughty Street Chambers“.
Иранското Министерство за надворешни работи не одговори на барањата за коментар на Гласот на Америка.
Во Вашингтон, меѓународниот правен тим кој ја поддржува редакцијата на Иран Интернешнл остварува средби со пратеници, претставници на Белата куќа, како и невладини организации за подигнување на свеста. Клучно прашање, велат тие, е дека владите имаат тенденција сами да одговорат на нападите.
„Време е да се посветиме на тоа владите да соработуваат, да споделуваат знаење“, вели Марк Стивенс, од „Хауард Кенеди“.
За новинарите на Иран Интернешнл, нивните семејства дома исто така се изложени на ризик од одмазда. Парпанчи вели дека речиси сите ирански новинари на кои може да помисли биле под некаков вид на притисок.
„Заканите никогаш не можат да станат нормални. Ниту еден новинар не треба да биде подложен на какви било закани, особено опасни по живот“, посочува Парпанчи.
Именуван по водителката на Гласот на Америка, Масих Алинеџад, САД веќе имаат закон со кој се воведуваат санкции за оние кои сакаат да извршат напади поддржани од Иран. Но, Галагер ги притиска пратениците да преземат поактивна улога.
„Да не беа храбрите новинари кои, и покрај ризиците, ни ги кажуваат тие приказни, едноставно немаше да знаеме што се случува во Иран. И тоа е нешто што треба да го мачи секој Американец. И затоа сите ние мора да се залагаме за слободата на изразување и за правото на новинарите да ја вршат својата работа без страв“, вели Галагер.
Додека нивните адвокати бараат долгорочни решенија за да го одржат тимот безбеден, новинарите на Иран Интернешнл продолжуваат со својата работа, и емитуваат програма за публиката во Иран.
Facebook Forum