Линкови за пристапност

Пред изборите во САД редакциите се фокусираат на безбедноста на новинарите


АРХИВА - Медиумите се подготвуваат да покриваат митинг за изборна кампања во Олд Форџ, Пенсилванија, 20 август 2020 година.
АРХИВА - Медиумите се подготвуваат да покриваат митинг за изборна кампања во Олд Форџ, Пенсилванија, 20 август 2020 година.

Обука за безбедност за новинари кои ги покриваат изборите во САД

Во еден дождлив ден во септември, група новинари се собраа во деловна зграда надвор од Вашингтон. Некои беа искусни новинари, други сè уште студенти. Но, сите тие беа таму за да научат како да останат безбедни додека ги покираваат изборите и немири.

Организирана од Меѓународната женска медиумска фондација (МЖМФ), обуката беше дел од националната кампања за да ги научи новинарите во САД како да останат безбедни на задачите, вклучително и додека известуваат за претседателската кампања.

Во текот на изминатата година, МЖМФ обучи повеќе од 620 новинари во 13 сојузни држави.

„Оваа безбедносна турнеја навистина беше од помош. За жал, тоа што го слушаме е доста алармантно и не се работи само за известување за изборите“, изјави за Гласот на Америка извршната директорка на МЖМФ Елиса Лис Муњоз. „Она што сè повеќе го разбираме е дека буквално секој ритам во Америка стана поларизирачки ритам и затоа стана опасен ритам“.

Според американскиот „Press Freedom Tracker“, за трипати повеќе се уапсени новинари во САД годинавам во споредба со минатата година. Според податоците на групата, биле нападнати и повеќе новинари.

„Гледаме новинари кои сè уште се борат секој ден да го поддржат основното право на слобода на медиумите“, рече Кирстин Мекаден, за Гласот на Америка уредничка на „Трекер“. „Малку е алармантно“.

Многу од инцидентите се случија за време на пропалестинските протести. Во еден случај, тројца фоторепортери беа уапсени во Чикаго во август додека известуваа за протест на периферијата на Демократската национална конвенција.

„Полициските одделенија сметаат дека имаат моќ да ги прекршат правата на новинарите. Повеќе полициски агенции се борат уште посилно“, рече Тревор Тим, извршен директор на Фондацијата за слобода на медиумите, која го издава „Тракер“.

Иако слободата на медиумите често е локално прашање, важно е и што велат претседателските кандидати и како тие се однесуваат кон медиумите, велат повеќе аналитичари.

Кампањата на поранешниот претседател Доналд Трамп беше испрекината со истите видови напади врз медиумите што го карактеризираа неговото претседателствување, велат аналитичари за Гласот на Америка.

До и за време на претседателствувањето на Трамп, Стефани Сугарс, новинарка во „Тракер“, документирала повеќе од 2 илјади анти-медиумски објави на Трамп на социјалната медиумска платформа „Х“, тогаш позната како „Твитер“. Тенорот на тие објави еволуираше од таргетирање поединечни новинари до таргетирање на одредени медиуми до таргетирање на медиумската индустрија на големо.

„Многу од таа реторика сè уште е во игра“, рече Сугарс. Таа додаде дека „Трекер“ ќе ги следи антимедиумските објави на претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис доколку постојат такви објави.

Сугарс предупреди да не се обвинува единствено Трамп за зголеменото непријателство со кое се соочуваат новинарите во САД, но, вели таа, ниту тој не помогна во ситуацијата.

„Ако сеете недоверба во ваквите видови надворешни извори и навистина ги охрабрувате вашите следбеници, оние кои ве поддржуваат, да веруваат само во она што конкретно го кажувате, тоа е одличен начин да се одржи цврста контрола врз она што е наративот, каква вистина се подразбира, и тоа е неверојатна количина на моќ да се има“, рече Сугарс.

Мекаден се согласува. „Реториката е важна и таа е масло за огнот“, рече таа.

Како одговор на барањето на Гласот на Америка за коментар, претседателската кампања на Трамп сподели изјава што портпаролот на Републиканскиот национален комитет Тејлор Роџерс првично ја достави до конзервативниот медиум Дејли коллер.

Во него, Роџерс го опиша Трамп како „шампион за слобода на говорот“ и рече дека „сите беа побезбедни под претседателот Трамп, вклучително и новинарите“.

Ублажување на ризикот

Непријателското опкружување за новинарите доаѓа во време кога довербата во медиумите е веќе на рекордно ниско ниво во САД, според Галуп. Нападите или непријателската реторика против медиумите само ја влошуваат ситуацијата.

Досега, „Тракер“ има документирано само неколку прекршувања директно поврзани со изборите. Но, Мекаден рече: „Историјата ни покажува дека треба да бидеме загрижени и свесни“.

Таа го наведе бунтот на 6 јануари врз американскиот Капитол, каде што беа нападнати 18 новинари.

Можеби ќе бидат потребни неколку дена за да се потврдат изборните резултати, рече Мекаден. „И во тоа време тензиите ќе бидат високи. А новинарите чија работа е да ги покриваат овие напнати времиња, исто така, често се во опасна ситуација“, рече таа.

Обуката за безбедност на МЖМФ првично беше насочена кон новинарите во борбените зони и опасните региони. Но, по претседателските избори во САД во 2016 година, кога нападите врз медиумите почнаа да се зголемуваат, МЖМФ сфати дека и новинарите со седиште во САД ќе имаат корист од нив, според Муњоз.

На Џенифер Томас, професорка по новинарство на Универзитетот Хауард во Вашингтон, обуката и понуди алатки за подобро да им помогне на нејзините студенти да останат безбедни.

„Додека известував на локално ниво, а потоа и национално, не мораше да бидеме навистина загрижени кога илегуваме на некој настан“, рече Томас, која претходно работеше во Си-Ен-Ен. „Па, времињата се сменија“.

За време на обуката, Томас и другите беа запознаени со низа ресурси за прашања, вклучително и покривање немири и справување со апсење. Муњоз смета дека оваа информација ќе стане уште поважна за новинарите во САД во годините што доаѓаат.

XS
SM
MD
LG