Линкови за пристапност

Ердоган очекува подобрување на односите со Западот после самитот на НАТО 


Ердоган очекува подобрување на односите со Западот после самитот на НАТО 
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

По последните години на недоверба, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган присуствува на Самитот на НАТО во Вашингтон во вторник, со надеж дека ќе ги ресетира односите со западните сојузници. Доријан Џонс известува од Истанбул.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган присуствува на тридневниот Самит на НАТО во Вашингтон, по години жестоки разлики со другите членки на западната воена алијанса.

Аналитичарите велат дека Ердоган оди на состанокот во Вашингтон на добра основа, откако ги реши спорните прашања што ги оптоваруваа претходните самити на НАТО.

„Во тоа време, проширувањето на НАТО со Шведска и Финска беше во тек, но тоа сега е завршено. Турција го поддржа и новиот генерален секретар, поранешниот холандски премиер Марк Руте. Генерално, Турција е во согласност со списокот на одлуки кои ќе се однесуваат на поддршката на НАТО за Украина“, вели Синан Улген од Центарот за економски и надворешно политички студии.

Но, блиските врски на Ердоган со рускиот претседател Владимир Путин остануваат причина за тензија со сојузниците во НАТО.

Неговите врски со Путин беа нагласени со минатонеделната средба лице в лице на маргините на Шангајската организација за соработка предводена од Кина, и одбивањето на Турција да воведе санкции кон Русија поради Украина. Тој однос ќе бара внимателно справување и од Вашингтон и од Анкара.

„Постои разбирање дека како земја сосед на Русија, која има голем број меѓузависности, ова е нешто неизбежно. Меѓутоа, за возврат, Турција е исто така доста претпазлива да не ги премине црвените линии поставени од САД и ЕУ во однос на сегашните санкции за Русија“, додава Улген.

Самитот на НАТО во Вашингтон ќе му даде шанса на Ердоган да се сретне со претседателот Џо Бајден.

Аналитичарите сугерираат дека зголеменото значење на Турција во Африка, Централна Азија и Кавказ може да биде поттик за американската администрација да ја зголеми соработката со Анкара.

„Администрацијата (на САД) и турските претставници ја анализираат Африка, каде Турција има амбиции да го прошири своето влијание, и на економски и на безбедносен план. Има обновено внимание на Централна Азија и, се разбира, напор да се види дали може да има повеќе на Балканот, кога станува збор за поддршката на Турција и САД за стабилноста и процесот на проширувањето на ЕУ“, смета Асли Ајдинташбаш од Институтот „Брукингс“.

Состанокот во мај во Вашингтон меѓу Ердоган и Бајден беше откажан поради несогласувањата околу израелската војна во Газа, и аналитичарите велат дека тие повторно би можеле да спречат состанок на самитот на НАТО.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG