Есенската потрошувачка кошница и Законот за забрана на нефер трговски практики спречија натамошен раст на цените на прехранбените производи и на инфлацијата, но сепак цените на дел од производите во кошницата останаа со исти цени, кажа министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши во експозето за сработеното во првите 100 дена на Владата. Дурмиши најави дека ново намалување на цените, би требало да има откако трговците ќе ги потрошат залихите во магацините и ќе склучат договори со набавувачите согласно Законот за забрана на нефер трговски практики. Дел од добавувачите предупредуваат дека големите трговци се уште манипулираат откажувајќи ги набавките за да ги присилат да потпишат договори спротивни на законот. Комисијата за заштита на конкуренцијата која треба да ја врши контролата дали се кршат трговските практики од големите трговци се уште е нефункционална. Министерот Дурмиши најави дека на денешната седница на Влада ќе биде формиран економско социјалниот совет.
Дурмиши: Со владините мерки едно семејство може да заштеди до 1.300 денари на храна месечно
Епизоди
-
ноември 20, 2024
Мицкоски и честитал на Шекеринска за изборот за НАТО
-
ноември 20, 2024
Уништена економија, сиромаштија и невработеност владеат во Газа
Facebook Forum