Се засилуваат напорите за заживување на преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија.
Британската премиерка синоќа со шефот на извршното тело на Европската унија постигна согласност дека преговорите за излез на нејзината земја од ЕУ треба да се забрзаат.
Премиерката Тереза Меј и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во Брисел рекоа дека преговорите „треба да се забрзаат во текот на следните месеци".
Велика Британија треба да ги финиша преговорите за излез од ЕУ во март 2019-та.
Facebook Forum