Линкови за пристапност

Како Британците ќе излезат од дупката наречена Брегзит?


Има многу предлози, но засега не доминира ниту една опција

Според членот 50, Велика Британија има две години да се согласи на финансиските услови за излез или да ја напушти ЕУ без договор. Тоа би значело царина на производите што се извезуваат од Велика Британија во ЕУ, како најголем трговски партнер.

Брегзит не е веќе за тоа што луѓето сакаат, туку за тоа што е можно.

Излезот на Велика Британија од Унијата отсекогаш било комплицирано прашање, но по минатонеделни избори, тие преговори станаа уште потешки.

Премиерката Тереза Меј ќе ја води малцинската конзервативната влада која е поделена околу Брегзит. Нејзиниот кабинет како и нејзината парламентарна партија, се остро поделени помеѓу таканаречените тврди и меки "Брегзитери".

Тврдите "Брегзитери" сакаат Велика Британија не само да излезе од ЕУ и да биде надвор од единствениот пазар и царинската унија на блокот, туку и да преговара за уникатен нетарифен пристап до единствениот пазар, без да даде придонес во буџетот на ЕУ или да се придржува кон пресудите на Европскиот суд на правдата, како и да им се дозволи на Европејците да живеат и да работат слободно во Велика Британија.

Меките "Брегзитери" сакаат поблиски односи со ЕУ. Тие се залагаат за задржување на единствениот пазар и/или членството во Унијата да биде како она на Норвешка или Швајцарија кои се подготвени да придонесат во буџетот на ЕУ. Премиерката Меј мора некако да ги помири двете групи со преговори што за нив ќе бидат прифатливи.

Меѓупартиските преговори во Долниот дом кои треба да донесат широк консензус за Брегзит, се веќе во тек со неколку високи политичари, за подготовка на парламентарна комисија која ќе помогне во осмислување план за Брегзит.

Идејата е Велика Британија да ги задржи блиските односи со ЕУ, па дури и да ги задржи пазарот и членството во царинската унија, но дека ЕУ нема да и` даде на државата целосна слобода на движење на Европејците во Велика Британија.

Велика Британија е под притисок од некои да се приклучи на Европската економска област, која ги обединува членките на ЕУ со трите земји кои не се членки на ЕУ, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, во внатрешен пазар кој се води од истите основни правила на Брисел.

Еден британски весник во вторникот напиша дека една од можностите е да се даде работна дозвола на работници од ЕУ, но дека тие нема да добијат никаква поддршка ако останат без работа, а истото да се однесува за Британците кои ќе работат во ЕУ.

Многумина сепак признаваат дека постигнување консензус за Брегзит ќе биде тешко.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG