Линкови за пристапност

Британија ќе предложи транзициски период по Брегзит


Премиерката Меј рече дека двете страни споделуваат „длабоко чувство на одговорност“

Се очекува британската премиерка Тереза Меј да предложи двегодишен транзиционен периодот, веднаш по официјалното заминување на Велика Британија од Европската унија, кое треба да се случи на 29-ти март, 2019-та година.

Од кабинетот на Меј објавија извадоци од нејзиниот говор што таа ќе го одржи во Фиренца, Италија, во кој се очекува да нагласи дека двете страни споделуваат „длабоко чувство на одговорност“ за да обезбедат дека Брегзит ќе се спроведе „непречено и разумно“.

Претходно, Меј имаше двочасовна средба со министрите од нејзиниот кабинет со цел финализирање на британската позиција.

На средбата се разговарало за сумата што Велика Британија треба да ја плати како дел од финансиските обврски кон блокот и за статусот на граѓаните на ЕУ во Велика Британија.

Јавноста беше разбранувана минатата недела кога министерот за надворешни работи, Борис Џонсон ја изложи својата визија по Брегзит. Тој се залага за остро напуштање на Унијата, став кој ги вознемири умерените политичари кои се плашат дека со тоа ќе бидат прекинати врските со најголемиот трговски блок во светот.

Говорот на Меј доаѓа пред четвртиот круг преговори со ЕУ, кои не можат да продолжат се` додека не се разрешат неколку клучни прашања, иако Лондон сака да започне со разговори за идните врски, вклучувајќи ја и соработка во областа на трговијата и безбедноста.

Додека британските медиуми известуваат дека Меј за време на транзициониот период ќе понуди да исплати сума од 24 милијарди долари, во извадоците од говорот не се спомнува цифра.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG