Линкови за пристапност

Започнаа преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ


Се очекува сложениот процес да заврши за помалку од две години

Претставници на Велика Британија и Европската унија се состануваат денеска во Брисел за да започнат со сложениот процес на преговори за излез на државата од блокот.

Разговорите уследија една година по изјаснувањето на мнозинството гласачи во Велика Британија за таков потег.

Вишиот британски преговарач, Дејвид Дејвис рече дека британската страна ги започнува преговорите со „позитивен и конструктивен тон“, и дека „има повеќе обединувачки отколку разединувачки елементи“ кај двете страни.

Водечкиот европски преговарач, Михел Барние, рече дека негов приоритет е да расчисти „неизвесноста предизвикана од Брегзит“.

Британија и ЕУ имаат рок до крајот на март 2019-та година да постигнат договор и истиот да биде ратификуван од парламентите на другите земји-членки на Унијата.

Преговарачите ќе треба да одлучат по прашања како што се правилата за патување меѓу Британија и земјите на ЕУ, трговските договори и правата на неколку милиони граѓани на ЕУ да живеат во Велика Британија, исто како и правата на неколку милиони британски државјани кои живеат во земјите на ЕУ.

Разговорите се случуваат кратко време по изборите свикани од британската премиерка Тереза Меј. Таа се надеваше дека ќе ја зајакне својата позиција во преговорите, но наместо тоа остана со ослабен мандат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG