Линкови за пристапност

Брегзит и „Америка прва“ ја обединија Европа


На Генералното собрание на ОН, светските политички и бизнис лидери укажаа на потребата од меѓусебна трговија, инвестиции и технологија

Светот денес се соочува со повеќе предизвици - од планот на Велика Британија да излезе од Европската унија, или Брегзит, до политиката на администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп „Америка прва“.

На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, светските политички и бизнис лидери, се состанаа да укажат на потребата од соработка во трговијата, инвестициите и меѓународната технологија, со цел да се заштити глобализацијата, која, според нив, се наоѓа под закана.

„Ова е многу специфичен момент. Имаме многу глобални предизвици, како климатските промени, миграцијата и тероризмот. Затоа ни е потребна мултилатерална соработка“, изјави фанцускиот претседател Емануел Макрон.

И поранешниот претседател на САД Бил Клинтон вели дека постои потреба светот да биде поврзан политички, општествено и економски.

Шефицата за надворешна политика на Европската унија Федерика Могерени, вели дека Брегзит и политиката „Америка прва“, мотивирале поголема сплотеност во Европа.

„Она што го видов изминатава година е дека светот сега е свртен кон лидерството на Европа. Можеме и имаме одговорност да го направиме тоа. Европа сега чувствува поголема самодоверба“, рече Могерини.

Извршниот директор во компјутерската компанија „Епл“ Тим Кук, го истакна прашањето за имиграцијата во Европа и САД, нагласувајќи дека талентираните имигранти треба да бидат регрутирани, наместо да бидат исклучени од општеството.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG