Британската премиерка Тереза Меј вели дека нејзината понуда за правата на граѓани од Европската Унија кои живеат во Британија, откако земјата ќе ја напушти Унијата, е „многу фер“ и „многу сериозна“.
Во обраќањето на вториот ден од самитот на ЕУ во Брисел, Меј истакна дека владата „ќе изложи подетални предлози во понеделник“.
Лидерите на ЕУ не се убедени дека планот е соодветен, велејќи дека многу прашања остануваат неодговорени.
„Нема да има раздвојување на семејства“, рече Меј, додавајќи дека сака слични уверувања за британските граѓани кои живеат во земјите на ЕУ.
Facebook Forum