Линкови за пристапност

Американски и руски дипломати се сретнаа да разговараат за работата на нивните амбасади


Зградата на Амбасадата на САД во Москва, Русија, 22 јуни 2022 година
Зградата на Амбасадата на САД во Москва, Русија, 22 јуни 2022 година

Американските и руските дипломати се сретнаа денес во Истанбул на разговори за операциите на нивните амбасади во Москва и Вашингтон.

Состанокот е најнов во серијата ангажмани меѓу двете страни, вклучително и телефонскиот разговор на почетокот на овој месец меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Работата за обновување на односите меѓу САД и Русија беше на дневен ред минатата недела на разговорите меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Стејт департментот на САД соопшти по тие разговори во Ријад дека двете страни се согласиле да создадат „механизам за консултации за справување со надразнувачите на нашите билатерални односи со цел да се преземат чекори неопходни за нормализирање на работата на нашите дипломатски мисии“.

Дипломатските односи меѓу Русија и САД се намалија во текот на изминатата деценија, при што двете страни протераа дипломати.

Некои информации во текстот се од АП, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

Поврзано

XS
SM
MD
LG