Линкови за пристапност

Стејт департмент: САД и Руската Федерација се договорија за 4 области на работа да се стави крај на војната во Украина


Членови на американската и руската делегација на разговорите во Ријад, 18 февруари 2025 година
Членови на американската и руската делегација на разговорите во Ријад, 18 февруари 2025 година

Американската и руската делегација ги одржаа првите разговори во Саудиска Арабија за војната во Украина и билатералните односи меѓу Вашингтон и Москва.

Тие се договорија за четири точки, на кои во официјалното соопштение се повикува портпаролката на американскиот Стејт департмент Тами Брус.

Делегациите на САД и Русија се согласија за следново:

- да се воспостави механизам за консултации за елиминирање на проблемите во билатералните односи за нормализирање на работата на дипломатските претставништва;

- назначат тимови да почнат да работат за да се стави крај на конфликтот во Украина што е можно поскоро на начин што е траен, одржлив и прифатлив за сите страни;

- да се постави основата за идна соработка за прашања од заемен геополитички интерес, како и историски економски и инвестициски можности кои ќе произлезат по успешното завршување на конфликтот во Украина;

- страните на средбата ветуваат продолжување на соработката за да се обезбеди навремен и продуктивен напредок на процесот.

Американскиот државен секретар Марко Рубио во разговор за медиумите по средбата рече дека сите инволвирани страни мора да се согласат со одлуката со која ќе се прекине.

Тој, исто така, додаде дека „ЕУ мора да биде вклучена на некој начин и дека никој не е изоставен“.

Тој ја повтори својата теза дека „еден телефонски разговор и една средба“ не се доволни за итно разрешување на ситуацијата.

А во однос на дипломатската соработка, Рубио објасни:

„За да продолжиме по овој пат ни требаат дипломатски институции кои работат и функционираат нормално“.

Од американска страна, на разговорите учествуваа државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник Стив Виткоф.

Руската страна ја претставуваа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на претседателот на Русија Јури Ушаков.

Саудиска Арабија беше претставена од саудискиот министер за надворешни работи и саудискиот советник за национална безбедност.

Извор: Украинска редакција на Глас на Америка

XS
SM
MD
LG