Линкови за пристапност

„Америка се врати“ – претседателот Доналд Трамп се обрати пред Конгресот


„Америка се врати“ – претседателот Доналд Трамп се обрати пред Конгресот
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:20 0:00

Претседателот Доналд Трамп во Конгресот ги пофали досегашните преземени чекори, а како такви ги вброи намалувањето на федералната влада, високите царини, а упати и пораки за прекин на борбите Украина – Русија. Демократите ги искажаа своите незадоволства. Патси Видакусвара има повеќе детали.

Говорот на претседателот Доналд Трамп вчеравечер беше негово прво обраќање на заедничката седница на Конгресот откако тој го започна својот втор мандат во Белата куќа на 20 јануари.

„Позитивниот тренд на Америка се врати. Ни се врати духот. Гордоста ни се врати. Самодовербата ни се врати. И ни се зголеми американскиот сон – кој е поголем, и подобар од кога било досега“.

Но, по едвај пет минути од обраќањето, демократскиот претставник Ал Грин од Тексас упати високи тонови кон Трамп дека немало да го го скрати Медикејд, владина програма за помош за медициснко осигурување за луѓето со ниски приходи.

Грин беше спроведен надвор.

Трамп ги истакна строгите царини што стапија на сила вчера за Кина и за соседите на САД, Мексико и Канада. Овие три главни американски трговски партнери се заканија со одговор на царините, поради што финансиските пазари паѓаат поради стравувања од нова трговска војна.

„Ќе има мало нарушување, но ние ќе бидеме добри со тоа. Нема да биде многу.”

Претходно неделава, Трамп ја прекина воената помош за Украина, по минатонеделниот состанок на Овалната соба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, околу договорот што ќе им даде на САД права на украинските минерали.

Тоа е дел од неговите напори да го притисне Киев да постигне договор за да ја прекине борбата против руската инвазија на земјата.

„Истовремено, имавме сериозни разговори со Русија и добивме силни сигнали дека тие се подготвени за мир.

Во одговорот на демократите, сенаторката од Мичиген Елиса Слоткин ја истакна расправијата меѓу Трамп и Зеленски.

„Таа сцена во Овалната соба не беше само лоша епизода од реалити-шоу. Таа го сумираше целиот пристап на Трамп кон светот. Тој верува во пријателски настроен кон диктаторите како Владимир Путин, и лош однос со нашите пријатели како Канаѓаните. Тој го гледа американското раководство само како пренос на недвижнини“.

Другите демократи го истакнаа своето незадоволство во моментите кога Трамп говореше: Беа облечени во розово – за да го свртат вниманието на политиките на Трамп за кои велат дека негативно влијаат на жените и семејствата, и држеа транспаренти како оној, цитирам: „Маск краде“ поради напорите на технолошкиот милијардер Илон Маск да ја намали федералната влада со откажување на владини договори и отпуштање на десетици илјади федерални вработени.

„Секој федерален бирократ кој ќе се спротивстави на оваа промена веднаш ќе биде сменет од функцијата“.

Сенаторката Слоткин забележа и за ова.

„Сакате да го намалите непотребното, јас ќе ви помогнам во тоа. Но, промената не треба да биде хаотична, или да не направи помалку безбедни. Отпуштање на луѓето кои работат на заштита на нашето нуклеарно оружје, ги спречуваат авионите да не се урнат, и работат на истражување за наоѓање на лек за рак, за два дена подоцна повторно да ги вработи, ниту еден извршен директор во Америка не може да го стори тоа без да добие отказ“.

Трамп ја зема заслугата за намалениот број мигранти кои илегално ја преминуваат јужната граница на САД.

„Медиумите и нашите пријатели во Демократската партија постојано велеа дека ни треба нова легислатива за да ја обезбедиме границата – но се покажа дека сè што навистина ни треба е нов претседател“.

Седејќи со првата дама Меланија Трамп беа гости чии животни искуства ја засилуваат агендата на нејзиниот сопруг, вклучително и активистка против трансродовите спортисти во женскиот спорт и семејството на жена убиена од нелегален имигрант.

Трамп ги повтори ставовите за враќање на Панамскиот канал, и да го преземе Гренланд, но не ги спомна барањата за протерување на Палестинците од Газа. Тој зборуваше еден час и четириесет минути, што е најдолг претседателски говор пред Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG