Во обраќањето во Конгресот, претседателот Трамп ја изложи својата визија за клучните прашања со кои се соочува земјата.
Дописничката на Гласот на Америка од Конгресот, Кетрин Гипсон, разговараше со законодавците за плановите на Трамп за економијата, имиграцијата и надворешната политика на САД.
Во своето прво обраќање до Конгресот во неговиот втор мандат, претседателот Доналд Трамп им даде на американските законодавци план за годините што следат.
Ќе ја направи Америка повторно просперитетна, повторно безбедна и ќе ни го врати американскиот сон што го загубивме под администрацијата на Бајден.Моника Де Ла Круз, републиканска конгресменка
Републиканските пратеници ја пофалија таа визија.
„Тој ќе продолжи да ја обезбедува границата. Ќе ја направи Америка повторно просперитетна, повторно безбедна и ќе ни го врати американскиот сон што го загубивме под администрацијата на Бајден“, изјави републиканската конгресменка Моника Де Ла Круз.
„Ракавиците се симнати, но навистина се работи за тоа да се симнат ракавиците за Америка, бидејќи оптимизмот што тој го носи и политиката што ја поставува, тие, едноставно имаат смисла“, изјави републиканскиот конгресмен Даг Ла Малфа.
„Едно нешто што Доналд Трамп не го спомна беше вистински, сериозен план за намалување на трошоците, нешто број еден што Американците најмногу сакаа да го слушнат. Наместо тоа, Доналд Трамп ги удвои своите планови да ги испрати трошоците вртоглаво растат со започнување на трговска војна со Канада и Мексико, изјави Чак Шумер, лидер на малцинството во Конгресот.
Еден републиканец во Претставничкиот дом изјави за Гласот на Америка дека царините ќе ја вратат економската сила на Америка.
„Ќе ги вратат компании кај нас, и ќе ги поевтинат производите, затоа што ќе бидат токму тука, во Соединетите држави“, оцени републиканецот Мајк Колинс.
Републиканците, исто така, изјавија за Гласот на Америка дека нивните гласачи сакаат Конгресот да ги обнови даночните намалувања во 2017 година.
Хаким Џефрис, највишиот по ранг, демократ во Претставничкиот дом, ги критикуваше буџетските намалувања на републиканците коишто можеби ќе треба да ги усвојат тие даночни кратења.
„Републиканците не се обидуваат да ја обединат земјата. Не растргнуваат. Републиканците не се обидуваат да ја придвижат Америка, напред. Сакаат да го вратат часовникот назад“, изјави Џефрис.
Американските законодавци, исто така, внимателно го следат статусот на односите меѓу САД и Украина.
Републиканците рекоа дека писмото од украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кое се нуди повторно отворање на преговорите со САД, е резултат на цврстиот став на Трамп.
„Очигледно писмото го премислил и рекол: „Знаеш што? Можеби претседателот Трамп е најважниот и најмоќниот човек на светот, а јас не сум, и можеби не можеме да победиме во војна без Соединетите држави“, изјави републиканецот Рајан Зинке.
Но, еден демократ од Претставничкиот дом изјави за Гласот на Америка дека е загрижен за состојбата на теренот.
„Мислам дека треба да ја поддржиме Украина; тие се клучен сојузник. Презедовме обврски кон Украина што треба да ги исполниме и верувам дека ќе го испочитуваме зборот на Америка“, изјави конгресменот Адам Греј.
Вниманието на американските законодавци сега е свртено кон финансирањето на американската влада по крајниот рок на 14 март.