Поранешниот помошник - државен секретар на САД и поранешен американски амбасадор во Северна Македонија Филип Рикер го коментира неодамнешното обраќање на македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC), добрите односите меѓу новата администрација во Вашингтон и Владата во Скопје, кои што можат да ги унапредат инвестиции од американски компании во Северна Македонија.
Глас на Америка: - Господине Рикер, премиерот Мицкоски, за релативно краток временски период, во рок од 1 месец, двапати ги посети САД. Присуствуваше на инаугурацијата на претседателот Трамп и минатата недела зборуваше на SPAC. Дали ова го сметате за знак дека оваа влада во Скопје е поблиска до оваа нова администрација отколку до претходната американска администрација? Во Скопје во неколку наврати, во екот на кампањата во САД, Мицкоски беше домаќин на клучни луѓе од опкружувањето на Доналд Трамп?
Филип Рикер: Северна Македонија немала подобар пријател од Соединетите Држави на меѓународна сцена. Бевме ангажирани во минатото и ќе бидеме во иднината на Северна Македонија, што е најважно, низ многу администрации. Мислам дека е прекрасно да се види дека премиерот Мицкоски, за релативно краток временски период откако тој и неговата влада ја презедоа власта, воспоставија толку добри, цврсти односи со Соединетите Држави, вклучително, се разбира, и со новата администрација.
Според Рикер, двете земји имаат извонредни односи, како и секогаш. „Ангажманот на премиерот, без разлика дали е овде во Вашингтон за време на неговите посети, е клучен за двете страни од Атлантикот. Тој потсети дека разговарал со него во Минхен на Конференцијата за безбедност, што беше важна можност за Балканот, како и за пошироките трансатлантски прашања.
Глас на Америка: - Посетата на Вашингтон од премиерот Христијан Мицкоски ако можам да ја протолкувам во неколку реченици е дека неговата порака беше - Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, сакаме - прво завршени преговори, па уставни амандмани. Господине Рикер, колку се реални овие политички пораки, имајќи ја предвид целата геополитичка ситуација во Европа, но и во САД? Дали претседателот Трамп и неговиот тим можат да помогнат? Можеби во нови инвестиции на САД во Македонија? Еве, Rumble, веќе отвори канцеларија во Скопје.
Филип Рикер: „Да потсетиме дека американските инвестиции се одвоени од Владата. Очигледно, она што е важно - е создавање инвестициски амбиент во Северна Македонија што ќе биде атрактивен за инвеститорите во САД, а има програми на американската влада кои можат да ги поддржат и помогнат оние напори што беа дел од помошта за Северна Македонија и другите земји во регионот за да им помогнеме да го заживеат економскиот развој. Се разбира, членството во ЕУ одамна е политички приоритет за Соединетите Држави. Тоа се однесува на земјите од Западен Балкан. Многу паметно и брзо се движевме кон членството во НАТО, што мислам дека беше клучно. А членството во НАТО, се разбира, е многу важен аспект од она што ја прави Северна Македонија привлечна за странски инвестиции. Безбедноста е најважна за економскиот развој и просперитет.
Според поранешниот американски амбасадор во Скопје, важни се добрите односи меѓу две земји, затоа што САД се огромна глобална сила, најголемата економија во светот, основач на НАТО. „Трансатлантските односи се приоритет и мислам дека, како што реков, премиерот Мисковски и неговиот тим одлично работат на одржување и зајакнување на тие односи. Целта за влез на Северна Македонија во Европската Унија останува приоритет“, изјави Рикер.
Facebook Forum