Линкови за пристапност

Трамп почна дипломатска битка за ставање крај на војната во Украина


Трамп почна дипломатска битка за ставање крај на војната во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

Американскиот претседател Доналд Трамп започна дипломатска битка насочена кон ставање крај на конфликтот во Украина, велејќи дека наскоро ќе се состане со рускиот претседател и ќе испрати тим предводен од потпретседателот да се сретне со лидерот на Украина. Известува Анита Пауел.

Претседателот Доналд Трамп ги постави своите услови за континуирана американска поддршка за Украина и започна дипломатска офанзива со цел да ja заврши речиси тригодишната руска инвазија на окупираната земја.

„Ние добиваме безбедност за нашите пари. Ќе бидат обезбедени со ретки метали, имаат нафта и гас и имаат многу други работи. Ние бараме безбедност за нашите пари и тие се согласија со тоа. Украина се согласи со тоа. (Новинар: Не испраќате повеќе помош за Украина?) Не, ќе испраќаме. Но, сакаме да биде обезбедено и парите да бидат обезбедени“, рече Трамп.

Американските законодавци одобрија речиси 183 милијарди долари за воена и невоена поддршка за Украина од февруари 2022 година, според новиот извештај доставен до Конгресот во средата. Остануваат достапни нешто помалку од 40 милијарди долари.

Коментарите на Трамп претставуваат бурен ден на дипломатија, вклучувајќи повици меѓу Трамп и неговите руски и украински колеги. Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека тој и Трамп имале „долг“ разговор.

На состанокот во средата со новиот секретар за финансии на САД во врска со потенцијалниот економски договор, Зеленски го истакна главното барање на Украина во нејзиниот мировен план - членството на Украина во НАТО - и нејзината потреба од безбедносни гаранции:

„Го замолив претседателот Трамп да ни ги даде овие безбедносни гаранции, да и помогне на Украина, да не зајакне. Се разбира, мора да разговараме и со Европа, бидејќи треба да имаме уште поголема армија. Сега имаме буџетски дефицит, но за да имаме уште поголема армија, барем колку што е сега и да ја нахраниме и вооружиме, потребно е да имаме големи ресурси. Овие пари мора да дојдат од некаде. Ова се отприлика безбедносните гаранции“, објави Зеленски.

Трамп исто така рече дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Саудиска Арабија „во не толку далечната иднина“.

Тој изрази надеж дека одлуката на Москва за размена на американскиот учител Марк Фогел со рускиот крал на сајбер криминалот ќе постави добар пат за преговори за завршување на војната.

Кремљ, говорејќи за размената на затворениците, го рече следново:

„Нормално, ваквите договори се претходница на многу, многу внимателна преговарачка работа. И, се разбира, ваквите договори веројатно нема да можат да станат точка на пресврт, но истовремено, чекор по чекор, овие се одредени чекори за изградба на таа меѓусебна доверба помеѓу Русија и САД, која сега е на најниско ниво”, изјави портпаролот Дмитри Песков.

Потпретседателот Џеј Ди Венс патува од Франција во Германија, каде што ќе ги води разговорите на високо ниво на САД со Зеленски во петок во Минхен, како дел од неговото прво патување во странство во оваа улога.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG