Линкови за пристапност

Мицкоски за средбите во Америка


Мицкоски за средбите во Америка
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:19 0:00

Посетата беше многу корисна - вака премиерот го оценува неговиот неколкудневен престој во САД, чија главна цел, според владините најави, беше да присуствува на претседателската инаугурација на Доналд Трамп. Повеќе детали од Владимир Мирчески.

Исклучително сум задоволен. Посетата беше многу корисна.“

Така премиерот го оценува неговиот неколкудневен престој во САД, чија главна цел, според владините најави, беше да присуствува на претседателската инаугурација на Доналд Трамп. Христијан Мицкоски кој вчера беше во Њујорк, а денеска веќе се појави на увид на градежни активности во Петровец, вели дека неговата посета на Америка била историска зашто земјава влегла во, како што рече, оптиката на новата администрација во Вашингтон.

„Имавме средби кои беа видливи и објавени во јавноста, но и средби со луѓе кои во наредниот период ќе имаат високи улоги во периметарот на претседателот Трамп. Секој оној кој ќе се бори и избори за внимание на оптиката на администрацијата на Трамп ќе влезе во таа оптика. Ние сакаме да се избориме и затоа бевме таму. Да се претставие кои сме и што сме, затоа отидовме, нема втора шанса за прв впечаток. Направивме историски средби и историска посета. Сигурен сум дека Македонија влезе во оптиката на луѓето кои имаат најгласен звук во периметарот на претседателот Трамп. Убеден сум дека по ова Македонија е дел од оптиката на новата администрација.“, вели Мицкоски.

Тоа што за Мицкоски се историски средби, опозицијата го нарече „скапо платена ПР-фарса без никаков бенефит за државата“.

„Тоа е политиката што ја избрала опозицијата – бев излоираниот Мицко, па слугата на овој, на оној, што се не изнаслушав во изминатите години од истите луѓе и истите структури. Она што е важно е дека посетата е направена само во интерес на граѓаните. Измислувани се какви се не хотели каде сум спил. Тоа е само дефокус на периферна тема, ниту сум спиел таму, ниту... Спиев во хотел со 3+ ѕвезди, а хотелот кој го прикажуваа е хотел во кој Крис Павловски организираше средба за дигитализација на Македонија. “, вели Мицкоски.

СДСМ уште пред неколку дена соопшти дека патувањето на премиерот во САД не донело ништо ниту за граѓаните, ниту за државата.

„Владата го продаваше ова патување како `историски успех`, но вистината е сосема поинаква: премиерот немал ниту официјална покана за инаугурацијата на претседателот Трамп ниту бил дел од неа. Наместо тоа, тој присуствувал на партиски митинг организиран од Републиканската партија, од каде инаугурацијата ја следел на монитор“, реагираа социјалдемократите.

Премиерот објави фотографии од средби, но не со високи претставници на новата американска администрација, туку со бизнисмени или новинари. Тој не беше присутен во Ротондата на Капитол Хил каде се одржа чинот на втората инаугурација на Доналд Трамп. Мицкоски, настанот го следеше, како и што самиот објави од ложа во спортска сала во Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG