Линкови за пристапност

Ќе помине ли законот за заштита на децата на социјалните мрежи во САД?


Ќе помине ли законот за заштита на децата на социјалните мрежи во САД?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:17 0:00

Ќе помине ли законот за заштита на децата на социјалните мрежи во САД? Доколку биде усвоен, Законот ќе ги заштити личните податоци на малолетниците на Интернет. Но, поборниците за слобода на говорот и некои републиканци се загрижени дека законот може да доведе до цензура. Известува Кетрин Гипсон.

Социјалните мрежи повторно се во центарот на вниманието на Капитол Хил. Остануваат само неколку дена од овогодинешните седници на Конгресот, а сенаторите на Републиканската и на Демократската партија бараат од Претставничкиот дом да го усвои Законот за безбедност на децата на Интернет.

„Имаме закони коишто ги штитат децата од опасностите од алкохолот, тутунот, огненото оружје, ги штитат од сајбер малтретирање, од изложеност на сексуална експлоатација или порнографија. Во виртуелниот простор, ги немаме тие закони“, вели сенаторката Марша Блекбурн која е ко-спонзор на законот, прва легислатива од 1998 година која ќе обезбеди онлајн заштита за малолетниците.

Но, претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, вели дека е загрижен дека мерката ќе ја ограничи слободата на говорот.

„Мислам дека сите ние, 100% од нас, го поддржуваме принципот за заштита на децата. Но, тоа не смее да биде прекумерно на штета на слободата на изразување“, посочува Џонсон.

И конзервативните групи кои сакаат да ги ограничат овластувањата на Владата се согласуваат.

„Не им верувам на владините функционери дека ќе арбитрираат праведно, бидејќи тие, по определеност реагираат политички, и видовме што се случува кога политичарите ја користат слободата на говорот за одредени цели. Тоа е опасно и тоа треба да запре. Мораме да најдеме подобар начин да го спроведеме ова и да ставиме уште неколку заштитни огради при спроведувањето“, смета Ричард Манинг, експерт од „Американци за ограничување на Владата“.

Илон Маск, сопственик на платформата за социјални медиуми X, соработуваше со законодавците за да понуди решение околу загриженоста во врска со законодавството, рече ко-спонзорот на демократите Ричард Блументал.

„Разјаснивме дека нема цензура во овој предлог-закон, нема ограничување на содржините. Нема блокирање на одредена содржина. Станува збор за избор, давајќи им на младите луѓе избор, но ѝ на родители - заштитни мерки, вид на алатки за заштита на нивните деца“, вели Блументал.

Технолошките компании Мета и Гугл се противат на законот.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп не изрази мислење за ова прашање, но неговиот син, Доналд Трамп Јуниор, објави на X велејќи: „Можеме да ја заштитиме слободата на говорот и нашите деца во исто време“.

Манинг вели дека законодавството што се разгледува нема да функционира во пракса.

„Државните јавни обвинители ќе имаат можност да преземат какви било насоки согласно прописите што ќе ги воведе Федералната трговска комисија. Тие потоа ќе можат да ги користат тие насоки за да го одредат ограничување на слободата на говорот во контекст на нивната сојузна држава. И, на крајот ќе имате 50 различни прописи за интернет, во 50 различни држави“, додава Манинг.

Претходната верзија на законот беше усвоена во Сенатот со 91 глас, спрема 3. Поддржувачите го охрабруваат Претставничкиот Дом да гласа за законот пред крајот на годината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG