ВАШИНГТОН — 119-тиот состав на американскиот Конгрес ќе заседава денеска. Сепак, по спорната битка за финансирање на владата минатиот месец, контролата на Републиканската партија на двата дома на Конгресот и претседателството се соочува со предизвици.
Сенатот има нова седница бидејќи републиканците го преземаат мнозинството од демократите, а сенаторот Мич Меконел се оддалечува од раководството на партијата за првпат по 18 години. Републиканскиот сенатор Џон Тун веќе е избран да го води Сенатот како лидер на мнозинството.
Републиканците ќе имаат мнозинство од 53-47 места, далеку под потребните 60 гласови за унапредување на повеќето закони.
Во Домот, каде републиканците имаат тесно мнозинство од 219 спрема 215, фокусот ќе биде на гласовите за спикер. Позицијата на актуелниот спикер Мајк Џонсон е загрозена по неговиот договор минатиот месец со демократите за одржување на владата финансиски и да остане отворена.
Ќе бидат потребни само двајца републиканци да гласаат против Џонсон за да ја загрозат неговата позиција. Демократите се очекува да го номинираат лидерот на малцинството Хаким Џефрис за претседател, но веројатно нема да успеат за неколку гласови.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во понеделникот ја објави својата поддршка за Џонсон на социјалните мрежи, велејќи дека спикерот е „добар, вреден, религиозен човек“.
Но, републиканските претставници Чип Рој и Томас Маси веќе ги искажаа своите сомнежи за неговото лидерство, а сојузникот и советник на Трамп Стив Банон ги повика републиканците да го отстранат Џонсон од раководството.
„Господин Џонсон доби критики од неговите колеги – републиканци. И тој има извонредно ограничена маржа за неговото мнозинство, само неколку луѓе“, изјави за Гласот на Америка Кевин Косар, соработник во Институтот Американ Ентерпрајз.
Пред две години, на почетокот на мандатот друг Конгрес, републиканецот Кевин Мекарти се соочи со слични предизвици за неговата кандидатура за претседател. Тој конечно беше избран во 15-тиот круг на гласање.
Ако Џонсон, или некој друг републиканец, не може да собере доволно гласови за спикер, домот би можел да остане без лидер за време за официјална потврда на изборната победа на Трамп на 6 јануари. Кој и да го води Претставничкиот дом, барем привремено, ќе го задржи уште построго мнозинство откако Трамп ја презема функцијата на 20 јануари, бидејќи избра двајца републиканци во Претставничкиот дом да се приклучат на неговата администрација.
Традиционално, првите 100 дена од новото претседателство и Конгресот се време за амбициозна законодавна агенда.
„Тој ќе ги опфати царините. Тој ќе се фокусира на границата и извршните наредби поврзани со имиграцијата и имигрантите, особено од Мексико и муслиманските земји. А потоа ќе работи на какви било компромиси што може за да ја помине законодавната агенда за работите кои влијаат на економијата, намирниците...“, изјави за Гласот на Америка Кејси Бургат, професор на Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон.
Дел од информациите за овој извештај се од Ројтерс.